25 Април, 2024
0.0268

Преку ССК и ИМЕ полесен пристап до финансии за жените во бизнисот

Објавено во: Мои пари 26 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) ја зајакнува соработката со Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) со што нова група на компании раководени од жени претприемачи ќе имаат можност да го олеснат пристапот кон финансии и да ја зголемат продуктивноста, конкурентноста и квалитетот на своите компании.

 Соработката помеѓу ССК и ИМЕ програматата со цел нејзина успешна имплементација во насока на зголемување на пазарната вработливост даде конкретни резултати за компаниите. На првиот објавен повик, 4 компании членови на ССК, раководени од жени добија поддршката при финансирање на процесот за подготовка за аплицирање за различни производи и услуги наменети за бизнис-секторот, поточно се стекнаа со потребните информации и експертиза за добивање средства од достапните фондови. Компаниите имаат потреба од стручна експертиза со цел поголемо искористување на достапните средства. Нашиот фокус во следниот период ќе биде насочен кон презентација на сите достапни програми за финансиска поддршка за понатамошна успешна апликација и добивање на средства за осовременување и развој на што поголем број комппании“, изјави Александар Зарков, извршен директор на ССК.

Тој додаде дека исто како и минатата година и годинава компаниите ќе имаат уникатна можност да се запознаат детално со понудата од Владини институции и програма за поддршка, понуда од банки, штедилници и други кредитни институции, како и бизнис поддршка и услуги обезбедени од граѓанскиот и приватниот сектор.

Жаклина ГештаковскаАлексовска, експерт за родови прашања во рамките на Програмата за Зголемување на пазарната вработливост (IME) на Швајцарската агенција за развој и соработка истакна дека од сите претпријатија во Македонија 30% се во сопствеништво на жени, но 99% од нив се микро или мали претпријатија. Тоа покажува дека голем дел од овие компании не го искористиле својот потенцијал за раст и развој.

 „ИМЕ програмата во соработка со ССК работи на поддршка на оние компании кои одлучиле да се развиваат и тоа преку обезбедување на информации и кофинансирање на две клучни услуги: пристап до финансии преку изработка на бизнис план или апликација за некои од постојните финансиски инструменти и зголемување на продажба преку спроведување на коучинг. Резултатите и од двете услуги се одлични. 7 компании ја зголемија продажбата, а 4 имаат подобар пристап до финансии, па охрабрени од овие успеси соработката продолжува и оваа година. Повеќе информации на компаниите ќе им понудиме на заедничка презентација со ССК планирана на 12 мај, а на која ќе се претстават и компаните кои овие услуги ги применија минатата година“, изјави Гештаковска Алексовска.

ССК и ИМЕ делуваат кон обезбедување одржливи системски промени кои ќе овозможат пристап до пазарите, генерирање на приходи и усвојување на динамика на среден и долг рок.

Можеби ќе ве интересира

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив