20 Април, 2024
0.0303

Премиера на првиот BMW X2 во Македонија

Најновиот член на BMW X фамилијата, со возбудлив изглед и извонредна динамика.

Објавено во: Мои пари 23 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Атрактивниот, возбудлив и екстровертен BMW X2 ја доживеа својата македонска премиера. Увозникот за BMW во Македонија и Косово, компанијата М Кар го претстави првиот BMW X2. Со дизајн кој зрачи со индивидуалност од секоја пора и спортски дух, BMW X2 поставува нови стандарди, додава импресивни перформанси и овозможува нови, досега неистражени нивоа на задоволство при возењето.

Премиерниот BMW X2 со својот фантастичен изглед остава впечаток од секој агол. Неговиот став на патот потсетува на спортски автомобил, спој на изразен профил, типичен за BMW X моделите со спортска отменост на купе. Две карактеристики на дизајнот посебно го привлекуваат вниманието: X2 ја менува препознатливата трапезоидна форма на предната маска која се проширува на краевите. Дополнителниот BMW амблем на C столбовите упатува на омилениот детаљ на класичните BMW купеа, како што се 2000 CS и 3.0CSL, и уште повеќе го нагласува спортскиот карактер на BMW X2.

Карактеристичните детали вклучуваат лакови на тркалата со квадратест изглед, впечатливи издувни цевки и нагласени странични рабови, како и елегантна линија на покривот, мазни линии и прегледен стеснет прозорец.

BMW X2 е автомобил наменет првенствено за урбани луѓе кои водат активен живот и се целосно поврзани со дигиталниот свет. BMW X2 никогаш нема да го изневери својот уникатен карактер, тој е индивидуалист кој се издвојува од толпата. Згора на тоа, моделот M Sport X е достапен за прв пат и им овозможува на сопствениците да го персонализираат својот BMW X2 и направат уште поиндивидуален, изјави Билјана Колемишевска, на официјалната промоција.

Моделот располага со динамика преполна со моќ и ефикасност. Возачите може да очекуваат врвен квалитет вклучен како стандард..

BMW X2 им нуди на клиентите најсовремени технологии кога станува збор за системите за помош на возачот. На пример, асистентот Traffic Jam го олеснува обемот на работа на возачот во здодевниот стоп/старт сообраќај на пренатрупаните коловози. Овој систем е дел од опцискиот Driving Assistant Plus, кој се состои од серија системи за помош при возењето кој овозможува автоматско забрзување, сопирање, оддржување на лента со помош на камера. Опцискиот паркинг асистент, исто така, е дизајниран да го олесни животот на возачот на BMW X2, автоматски да идентификува соодветни места за паркирање и да ги преземе управувачките должности за маневрирање при паркирање.

Кај новиот BMW X2 ќе бидат достапни два дизел и еден бензински мотор, а од март понудата ќе биде збогатена со уште еден бензиски и еден дизел агрегат со помала моќност и можност за погон само на предна оска.

Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција