Премиерот Заев и сопругата позираа со Трамп и првата дама на САД
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2017
Во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, претседателот на САД организира традиционален дипломатски прием.
На дипломатскиот прием премиерот Заев и неговата сопруга Зорица направија заедничка фотографија со Доналд Трамп и првата дама на САД Меланија Трамп.
Под фотографијата која е споделена на социјалните мрежи пишува:
„Дипломатскиот прием организиран од претседателот Трамп во чест на 72. ГС на ОН е убава можност за зацврстување на пријателствата и остварување идни соработки во интерес на нашите држави“.
Премиерот денеска ќе има билатерална средба со премиерот на Белгија Чарлс Мишел а во текот на денот предвидени се и други средби и разговори со влијателни гости на Генералното собрание на ОН.