23 Април, 2024
0.0736

ПРЕОПТИМИСТИЧКО: Планираното прибирање даноци за следната година тешко остварливо!

За следната година владата планира од даноци да прибере сума од 160,7 милијарди денари додека за оваа годинава тој износ е планиран на сума од 147,5 милијарди денари. Планираните приходи се тешко остварливи ако се имаат во предвид и актуелните состој

Објавено во: Финансии 26 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Според првиот човек на Здружението на даночни експерти, Павле Гацов планираното прибирање на даночните приходи за 2017 година претставува оптимистичко сценарио и не одговара на актуелните реални состојби кај даночните обврзници кои впрочем треба и да ги платат предвидените даночни приходи.

„Имено претпоставката дека бруто домашниот производ ќе расте за 3% дополнително станува проблематична со нагласувањето дека растот на БДП ќе се потпирал главно на зголемениот извоз (за 6%). Имено, извозот не се оптоварува со данок на додадена вредност, акцизи и царини и затоа тој нема да донесе индиректни даноци во Буџетот, вели Гацов. 

Со Буџетот се предвидува раст на вкупните даночни приходи за 9,5% во однос на 2016 година, од кои: персоналниот данок треба да расте со 9,3%, данокот на добивка со 16,1%, ДДВ да има раст од 10%, акцизите да растат за 12,7% а царинските давачки за 2,5%.

·  персоналниот данок треба да оствари раст од 9,3%

·  данокот на добивка, раст од 16,1%

·  ДДВ, раст за 10%,

·  акцизите, раст за 12,7% и

·  царината, раст за 2,5%.

Иако, анализата на податоците покажува дека даноците се наплатувале и со поголеми стапки на раст во минатото, сепак сегашната состојба не укажува дека оваа проекција е реална за да се оствари. 

„Просечниот раст на наплата на вкупните даночни приходи во изминатите 12 години изнесува 6,23%. Отскокнуваат, 2007, 2008, 2011 и 2014 година. Растот на вкупните даночни приходи заклучно со 2008 година се потпираше на растот на економијата. Потое следеше менување на одредени сегменти од даночниот систем главно за фискални цели, додава Гацов.

Еве како изгледала наплатата на вкупните даночни приходи по години

Година

% на раст на вкупните даночни приходи во однос на претходната година

2004

8,5%

2005

6,4%

2006

5,6%

2007

16,3%

2008

11,06%

2009

- 7,31%

2010

4,01%

2011

10,68%

2012

- 7,1%

2013

5,48%

2014

12,35%

2015

8,8%

1-6 2016

6,99%

Еве како изгледала годишната наплата на даноци од страна на УЈП 2003 до 2015 година


Можеби ќе ве интересира

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија