24 Април, 2024
0.0246

Побрзајте, ќе ја снема црвената пиперка за ајвар!

Објавено во: Агробизнис 04 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

  Во струмичкиот регион на големо се бере црвената пиперка позната како “куртовска капија”. Земјоделците велат дека бербата е при крај, но оваа година сушата ги  преполовила приносите. -Јас имам 18 декари со црвена пиперка и поради сушата соберам околу 30 тони, што во нормални години не се случувало. Да не беше сушата родот ќе беше поголем, бидејќи од овие површини може да се соберат од 50 до 60 тони црвена пиперка.Откупувачи има, но како и секоја година така и оваа постојано гледат како да ја намалат цената, вели Данаил Паланков, производител на црвена пиперка од Струмица Црвената пиперка од  прва класа во картон сега се откупува по 18 денари за килограм, а за  втора класа откупувачите нудат 13 денари за килограм. Земјоделците велат дека со вакви откупни цени едвај ги покриваат основните трошоци. Според нивните пресметки откупната цена со намалените приноси и зголемените цени на репроматеријали, треба да биде 30 денари за килограм, за производството да им биде рентабилно.  

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари