25 Април, 2024
0.0303

Преспанско Езеро ќе се заштитува со Швајцарска донација

Објавено во: Мои пари 16 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Со донација од швајцарската Влада преку програмата на УНДП ќе се заштитува Преспанското Езеро од ерозија преку пошумување со автохтони дрвја. Ова беше официјализирано со денешното потпишување меморандум за соработка меѓу УНДП и Јавното претпријатие „Македонски шуми“ за заштита на Преспанскиот регион.

Директорот на „Македонски шуми“ Жарко Караџоски информира дека во првата фаза од проектот предвидено е да се направи современ расадник за автохтони садници на површина од 0,7 хектари во ресенското село Асамати.

- Од расадникот ќе се пошумуваат сите ерозивни подрачја околу Преспанското Езеро. Во наредните четири-пет години преку оваа соработка ќе ја заштитуваме животната средина и Преспанското Езеро, а тоа ќе има позитивно влијание и врз природата и врз туризмот, рече Караџоски.

Во расадникот ќе се произведуваат по еден милион автохтони дрвја секоја година.

Заменик претставник на УНДП, Александро Фракасети истакна дека во реализацијата на проектот важна улога треба да одигра „Македонски шуми“ во обновувањето на шумскиот фонд, пошумувањето и спречување на ерозивните последици.

- Главни цели се подобрување на шумскиот фонд во регионот и регулирање на главните порои во тој дел. Со реализација на проектот ќе се намали ерозијата, а со тоа и таложењето во езерото и ќе подобри квалитетот на целиот еко-систем. Со подобрувањето на состојбата на шумскиот фонд ќе се обезбедат вредни живеалишта на биодиверзитетот, ќе се зголемат можностите за производство на дрвена граѓа, ќе се намали емисијата на јаглероден диоксид, а ќе се подобри и квалитетот за живеење во целиот регион, посочи Фракасети.

Градоначалникот на Ресен Волкановски смета дека значењето на проектот ќе биде поголемо со целосно негово реализирање, што ќе се почувстува преку подобрување на животната средина и подобрување на стандардот на жителите.

За проектот за заштита на Преспанското Езеро, обезбеден е буџет од пет милиони швајцарски франци преку Швајцарската агенција за развој и соработка.

Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan