23 Април, 2024
0.0343

Пресудата за Санадер и ИНА ќе ја натера Хрватска да го раскине договорот со МОЛ

Објавено во: Балкан 20 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

По првостепената пресуда на Иво Санадер во случајот  ИНА-МОЛ, може да се очекува нова криза во мешовитата  управувачката структура на ИНА, но исто така и во хрватско-унгарските односи. Иако МОЛ е од 2006-та година, компанијата е главно во приватна сопственост. Тоа е компанија од стратешко значење за унгарската влада, бидејќи Унгарија се уште има сопственост од 24 отсто од акциите на компанијата која управува со главниот гасовод, главната рафинерија и најголемото  подземно складиште за гас во државата. За Унгарија, МОЛ  има важна улога во надворешната економска политика на земјата, бидејќи компанијата успешно работи  на подрачјето на регионот ЕМЕА (Европа, Средниот Исток и Африка), има рафинерии во Словачка, Хрватска и Италија и мрежа на бензински станици во десет европски земји. Золта Хернад, извршниот директор на МОЛ, унгарските медиуми го сметаат за еден од највлијателните менаџери во земјата и ја нагласуваат неговата поврзаност со претседателот Виктор Орбан. Хрватската влада би можела да го раскине договорот! Иако пресудатата е неправосилана ,  окружниот суд во Загреб сериозно ја доведе во прашање бизнис репутацијата на  МОЛ, бидејќи се сомнева дека компанијата до акциите во ИНА и дел од управувачкиот пакет, дошла со помош на корупцијата. Бидејќи секој правен акт кој настанал како резултат на кривично дело може да се прогласи за ништовени и неважечки според меѓународното право, хрватската влада би можела да го раскине договорот со МОЛ, кој во моментов има 48 отсто од акциите на ИНА  или да побара промена на управувачката структура на компанијата. Во случајот кога пресудата ќе стане конечна, а тоа ќе се случи дури по пристапувањето на Хрватска во ЕУ, Канцеларијата на Државното правобранителство може да издаде налог за апсење на Золта Хернад кој Унгарија во овој случај, ќе мора да и го испорача во Хрватска . Сепак, унгарската влада, која има пријателски односи со Хрватска (меѓу првите го ратификува пристапување на Хрватска до ЕУ), веќе покажа дека не сака да соработува со хрватските власти во случај на ИНА-МОЛ. Унгарскиот е тужител, всушност, уште за време на истрагата одби да го испита Золта со образложение дека  преносот на бараните податоци ќе ја загрози безбедноста на Унгарија. Според последните извештаи на Европската комисија, унгарското правосудство е крајно политизирано, за што неодамна предупреди Вивиен Рединг, Европскиот комесар за правда. Поточно, владата на Орбан оваа година прерано пушти во пензија повеќе од 200 "неподобни" судии и државни адвокати кои имаа мандат од 14 години. Во унгарското правосудство ништо сериозно не се случува без Виктор Орбан, пренесуваат и локалните медиуми кои овие денови ја поврзуваат второстепената пресуда за Ратко Чачиќ со можната првостепена пресуда на Иво Санадер. Унгарските медиуми шпекулираат и дека претседателот Орбан  би можел да го помилува поранешниот  заменик-претседател на хрватската влада, ако пресудата на Иво Санадер за земање мито не се потврди. Унгарски аналитичари се убедени дека Виктор Орбан по секоја цена нема да дозволи на казна за Золта Хернад.

Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?