29 Март, 2024
0.0278

Пресврт: Топлификација си ги побара назад лиценците за работа!

Објавено во: Македонија 14 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

УО На Топлификација на денешната седница одлучи да поднесе барање за лиценца за дистрибуција на топлинска енергија. -Во последните шест години компанијата реализираше насовремен систем за управување со топлинските станици во регионот. Имајќи го в предвид и фактот дека дистрибуцијата на топлинска енергија е најсуптилна дејност во топлификационите системи, ЅО на Топлификација одлучи друштвото за дистрибуција на топлинска енергија да конкурира само за добивање на лиценца за оваа енергетска дејност“, стои во информацијата која Топлификација ја објави на Македонска берза, како ценовно чуствителна информација. За лиценцата производство на топлина, Топлификација во моментот нема финасиски капацитет, а додека за лиценцата снабдување со топлинска енергија, која во моментов ја имаат трите друштва за снабдување со топлинска енергија формирана од Топлификација останува обврската истите друштва да ја вршат дејноста и во следниот период, доколку нема заинтересирани субјекти, стои во соопштението на Топлификација. Уште изутрина, Фактор, ја најави оваа разврска: Топлификација АД Скопје денеска на седница на УО ќе одлучува што понатаму. Фактор, во разговор со директорот на Топлификација, Димитар Хаџимишев, доби потврда за денешната седница на УО, но не сакаше да дава дополнителни коментари и изјави. „Точно е денеска ќе имаме седница на УО, не можам ништо дополнително да зборувам. Ситуацијата е комплицирана, но граѓаните сигурно нема да останат без парно греење. Како и да е, после седницата компанијата ќе излезе со официјално известување кое ќе биде објавено како ценовно чуствителна информација на Македонска берза“, изјави за Фактор, директорот на Топлификација, Димитар Хаџимишев. Компанијата денес мора да одлучи што понатаму, не смее да дава изјави во јавноста без да има било каква одлука, затоа што се соочува со исклучување од котирање на Македонска берза. Регулаторите денес треба да соопштат има ли фирма која ќе го превземе топлификациониот бизнис Денеска истекува рокот кој го постави Регулаторната комисија за енергетика, која преку јавен оглас бара компании кои би го презеле бизнисот на Топлификација. Компанијата пред две недели ги врати сите три лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Веднаш потоа, регулаторите објавија јавен оглас преку кој бара фирма или фирми кои би го презеле работењето со топлинската енергија. Засега нема информација дали по однос на огласот се има одзвано некоја компанија. Според информациите на Фактор, не се исклучува можноста Топлификација повторно да се јави на огласот, но не за сите лиценци. Лиценцата за производство на топлинска енергија не е интересна за Топлификација, компанијата според нашите информации нема потребни обртни средства за тој бизнис. Ова и не е за изненадување ако се има в предвид едно од многуте соопштенија, кои Топлификација веќе ги имаше дистрибуирано преку Македонска берза и преку кои соопштенија токму немањето средства за обртен капитал го посочи како клучен проблем. Значи, остануваат во опција двете лиценци за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Што доколку никој не се јави на огласот на Регулаторна? Не се исклучува можноста ниту една компанија да не се јави на огласот на регулаторната комисија за енергетика. Иако се споменуваше дека заинтересирани се Русите од ТеТо, Фактор дознава дека тие се пишманат, и нивната апликација е крајно неизвесна. Доколку денес се оствари ова сценарио, регулаторот ќе мора да донесе посебни мерки, кои не би дозволиле застој во работењето на топлификацискиот бизнис односно нема да ги остави граѓаните среде зима без парно греење. Во ваква ситуација предвиден е член 164 од законот за енергетика, кој треба да го примени регулаторната комисија за енергетика, а тоа подразбира на превземање на мерки кои нема да го доведат во прашање снабдувањето и производството на топлинска енергија.       Топлификација денес на контото на Макпетрол ќе уплати 2,3 милиони евра Топлификација денеска се очекува да уплати на контото на нафтената компанија Макпетрол вкупно 2,3 милиони евра. Без дополнителни објаснувања доброупатени извори за Фактор тврдат дека парите се обезбедени со откуп на долг. Со оваа сума на пари, Топлификација практично го подмирува најголем дел од долгот. И.М  

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење