НАФТЕНИ ИГРИ
ПРЕСВРТ ВО НАЈАВА: Арапите имаат голема понуда!
Објавено во: Свет 26 Септември, 2016
Саудиска Арабија понуди да го намали сопственото производство на нафта доколку Иран се согласи на ограничување на својата продукција оваа година.
Најновата понуда, која допрва треба да ја прифати или отфрли официјален Техеран, е претставена овој месец, тврдат за агенцијата Ројтерс три неименувани извори запознаени со преговрите.
Официјален Ријад е подготвен да го намали производството на ниски нивоа кои се забележани во почетокот на оваа година во замена за милиони барели дневни, порачуваат истите извори.
„Саудијците се подготвени на намалување, но Иран мора да се согласи на замрзнување“, изјавил еден од изворите.