Претседателот на ЕЦБ го „крена“ еврото на рекордно ниво
Објавено во: Економија 27 Јуни, 2017
Претседателот на Европската централна банка Марио Драги откако оцени дека засега не постојат големи ризик фактори за развојот на европската економија и дека сите опасности се само привремени, еврото се крена на рекордно ниво оваа година.
Така во однос на доларот еврото ја зголеми вредноста на 1,1255 или за половина процент што е највисок резултат уште од 14 јануари годинава.
Драги исто така вети дека ЕЦБ може да го одржува актуелното ниво на инфлација во еврозоната и дека не гледа поголеми опасности за монетарниот пазар што внесе голема голема верба во еврото периодов.