19 Април, 2024
0.0251

Преубави градови, а сепак туристите ги одминуваат

Објавено во: Стил 14 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Сите размислуваат за посета на Лондон, Рим, Париз, но има и многу други места во Европа кои вредат да се видат. 

Лакост, Франција 


Ова мало место во Прованса, на 40 км од Марсеј е место каде се наоѓа дворецот на Маркиз де Сад од 17 век. Во близина можете да видите многу лозја и да го пробате француското вино. Во местото има и продавница со рачни работи каде може да се најдат интересни сувенири. 

Сари, Англија 


Ова место е на помалку од два часа возење од Манчестер и датира уште од 14 век. Сите кои го посетиле можат да ви потврдат дека е идеално место за одмор и релаксација. Во местото се наоѓа и музејот на Беатрис Потер, спасувачка на деца. 

Ротенбург, Германија 


Овој баварски град е на час возење од Нирнберг. Важи за најдобро сочуван средновековен град и изгледа како од бајка. Полн е со кули, камени улици, стари куќи. 

Бриж, Белгија 

За час и половина од Брисел ќе стигнете до Бриж. Тој е познат град, но во сенка на други познати дестинации. Во овој град најдобро е да се возите со велосипед. Познат е и по езерото Миневатер кое го нарекуваат езеро на заљубените. Бидејќи Белгија е позната по помфритот постои и музеј кој е посветен на ова јадење. 


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган