25 Април, 2024
0.0279

ПРИКАЗНАТА ЗА „РОЗО МОЈА“: Пред 20 години никој не ја знаеше, сега се пее на секоја свадба

Објавено во: Стил 02 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Ибуш Ибраимоски прво одбил да ја сними нумерата што му ја одбележа кариерата. Денес му е особено мило што на своите концерти често ја пее и Харис Џиновиќ

Песната „Розо моја“ стана синоним за добро расположение. Рефренот премиерно е отпеан на фестивалот „Тетовски филиграни“ во 1996 година, но стана хит дури пред неколку години. Пред две децении никој не ја знаеше, а сега оваа композиција во еден глас се пее на речиси секоја свадба. Интересен е и моментот што Ибуш Ибраимоски прво одбил да ја сними нумерата што му ја одбележа кариерата.

– Во меѓувреме, композицијата им била понудена на уште двајца мои колеги, но не прифатиле да ја отпеат. По некоја чудна коинциденција повторно стигна до мене. Ја преслушав уште еднаш и ме „уби“ текстот на Огнен Неделковски, кој одлично прилегаше на музиката на Тоде Спасовски. Ја снимив и решив со неа да настапам на фестивал. И таму наидов на некој чуден отпор. По првото пребројување на гласовите, завршив на петтата позиција. Но, откако брат ми, кој беше дел од мојот бенд, иницира повторно пребројување на гласовите, излезе на виделина фактот дека сум оштетен. Грешката се исправи и ја делев првата награда-откри Ибраимоски.

Целиот текст прочитајте го на Женски магазин, овде.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти