Прилепска пиварница ќе се бори со милионската казна на КЗК
Објавено во: Економија 26 Мај, 2017
Прилепска пиварница поведе жалбена постапка против одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата која и изрече огромна казна од 2,8 милиони евра за влијание врз дистрибутерите и формирањето на цената на производите со што ги нарушиле пазарните принципи. Затоа е поведен управен спор со кој привремено се одложува извршувањето на високата парична казна.
- Прилепска пиварница А.Д. Прилеп известува дека врз основа на Решение ПП бр. 09-7/10 од 22.05.2017 година од Комисија за заштита на конкуренцијата-Комисија за одлучување по прекршок и е изречена глоба во износ од 166.778.900,оо денари. Против одлуката ќе биде поведен управен спор. Управниот спор го одлага извршувањето на одлуката. Компанијата е уверена дека надлежните институции ќе донесат законита одлука и дека оспореното решение нема да остане на сила, посочуваат од компанијата.
Од Прилепска пиварница тогаш реагираа дека ги почитуваат законите во Република Македонија и дека казнета е превисока.