29 Март, 2024
0.0270

Прилепски водовод ќе управува со водоводите во четири села

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

ЈКП „Водовод и канализација“ од Прилеп ја започна постапката за управување со повеќе водоводни системи во населените места во Општината, соопшти на денешната прес-конференција директорот на претпријатието Сашо Николоски.
Тој информира дека со одлука на Советот на општина во Прилеп веќе се преземаат ингеренциите за водоводите во селата Чепигово и Тројкрсти, а потоа и во Загорани и Веселчани.
- Екипите се на терен за да ја констатираат состојбата со водоводната мрежа, техничките проблеми што ги има и за да се постават нови водомери, вели Николоски, додавајќи оти целосното преземање и управување со селските водоводи треба да биде до крајот на годинава.
Во сите четири села станува збор за близу двесте водомерни места, а по Нова година ќе се преземат уште стотина во Ерековци. Во прилепското село Подмол водоводната мрежа треба да се гради. Прилепски водовод ќе го преземе управувањето со водоводите во речиси сите населени места во Општината.
- Населението само не може да се грижи за водоводните системи. Прилепски водовод ефикасно ќе се справува со обврската, објаснува Николоски.
Што се однесува до водоснабдувањето во Прилеп, тој тврди дека нема никакви проблеми. Најавите за дождлива есен овозможуваат градот да се снабдува само од системот „Студенчица“ од каде добива околу 300 литри вода во секунда, а во функција се само старите бунари.

Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор