28 Март, 2024
0.0264

Прилика за вложување?

Објавено во: Економија 22 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Овој јануари, како и првата половина од февруари, ни сервираа таква волатилност, каква што немавме забележано од времето на големата финансиска криза во 2008-2009 година. Толку лош старт на годината за пазарите на капитал не се памети во последните 50 години. За волја на вистината, факт е дека на светската економија не ѝ цветаат рози, меѓутоа моменталната ситуација ни од далеку не е слична со онаа од кризните години. Дали со ваквиот развој на настаните пазарот сака да ни каже нешто или да ни посочи работи кои сме ги превиделе? Со други зборови, дали во моментов се појавува добра прилика за вложување, која се основа на погрешните проценки на пазарната ситуација од страна на останатите инвеститори?

Да започнеме со геополитиката. Тензиите на Блискиот Исток постојано се зголемуваат. Сите поврзани информации укажувааат на можност од поголема војна во регионот. Сето тоа врши голем притисок врз Европа (особено поради бегалската криза) и ги зголемува несогласувањата помеѓу земјите членки на Европската Унија. Историјата е сведок дека секое заострување на односите на Блискиот Исток води до драстичен пад на цената на нафтата, меѓутоа карактеристичното за овој пат е што таа е со рекордно ниски вредности. На основа на тоа, инвеститорите лесно би можеле да изведат заклучок дека светот се соочува со ликвидносни проблеми и дека сите трупаат готовина, а панично ги продаваат останатите инвестиции. Таа претпоставка не држи вода. Вистина е дека ФЕД-от кон крајот на минатата година благо ја покачи референтната каматна стапка, но погледнато од историска перспектива, каматните нивоа сеуште се рекордно ниски. Од друга страна, ЕЦБ и јапонската централна банка продолжуваат да печатат пари. Следејќи го пак швајцарскиот пример, централните банки на Шведска и Данска воведоа негативни каматни стапки.  Парите никогаш не биле толку евтини, ниту пак ги имало во оптек во толку голема количина.

Друг проблем е што ниската цена на нафтата резултира со негативни последици за земјите извознички. Сите се соочуваат со големи буџетски дефицити, кои се бројат во стотици милијарди долари. Но, истите тие „губитници“, во добрите времиња имаат натрупано „дебели“ залихи од активи. Според расположливите податоци, сега тие ги продаваат своите претходни вложувања, па поради фактот што имале поголема изложеност кон финансискиот, потрошувачкиот и здравствениот сектор, сведоци сме на силни корекции токму во овие сектори.

Во последните неколку недели се раширија и информациите дека поради бројните стечаи на компании од нафтениот сектор, финансискиот сектор ќе биде силно погоден од напливот на отпишани побарувања. Во тоа има доза вистина, меѓутоа банките и регулаторите гарантираат дека отпишаните побарувања не смеат да доведат до нови докапитализации. Напротив, Deutsche bank на пример откупува сопствени обрзници и на тој начин си ја засилува капиталната адекватност.

Стигнавме и до Кина. Индустриското производство продолжува да опаѓа, пазарот на недвижности покажува знаци на стабилизација во последната година, а растот на личната потрошувачка се зголемува. Доколку ги собереме сите три показатели, би заклучиле дека економската активност ќе продолжи да опаѓа, а драматични промени не се за очекување. Меѓутоа, иако Кина е непредвидлива држава, претходните искуства говорат дека таа ретко се одлучува на брзи и непромислени чекори. Поради тоа, стравот од „непознатата“ наречена Кина, веројатно е претеран. Вреднувањата во последните неколку недели паднаа под долгорочните просеци, па поради тоа не се очекува повторна надолна корекција резултирана од продажбата на акции со превисока цена.

Да резимираме со економските прогнози за 2016 година. Заради сето дотука кажано, тие како да се малку подоладени, но очекувањата се светскиот БДП годинава да порасне за повеќе од 3 проценти, при што сите од големите светски економии би ја завршиле годината во позитива.

Дали предвидувањата ќе се остварат или не, останува да видиме. Важното е да разбереме дека повеќето акциски индекси веќе ги имаат антиципирано мнозинството од негативни фактори набројани погоре. Нашата збирна оценка е дека при постојните ценовни нивоа, би било разумно да се пристапи кон вложување во акции или акциски фондови. Токму затоа, за сите вложувачи подготвивме дополнителен бонус – целосно ослободување од влезните трошоци во рамките на промотивниот период кој трае до 21.03.2016 година.

Подготвено од стручниот тим на:

КД Фондови, повеќе од штедење

Можеби ќе ве интересира

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“