Примерок на „Малиот принц" продаден за 90 000 евра
Објавено во: Стил 04 Декември, 2016
Оригинален примерок на книгата „Малиот принц" од францускиот писател Антоан де Сент-Егзипери, вклучувајќи и четири илустрации и посвета од авторот, беше продаден на аукција во Париз за близу 90 000 евра, пренесе Франс прес.
Примерокот е оригинал од американското издание на делото. Сент-Егзипери го напишал и го илустрирал „Малиот принц" во 1942 година, додека тој и неговата сопруга живеат во Лонг Ајленд, САД. Книгата прв пат е објавена една година подоцна во Њујорк.
Овој примерок е подарок од Антоан де Сент-Егзипери за неговиот пријател и иден генерал на француските воздухопловни сили, Лионел-Макс Шасен и е со посвета од авторот за најголемиот син Дуду Шасен.