23 Април, 2024
0.0282

ПРИНУДЕН ОДМОР: Вработените во „Југохром“ ќе добијат 70% плата и ќе седат дома

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Откако Југохром ги изгасна печките фабриката, следно што дојде оттаму е дека вработените ги праќа на принуден одмор.

Приказната пак се врати на старо откако Комбинатот за феролегури стави клуч на вратите.

Од синдикатот на комбинатот, како што пренесе агенцијата Мета, соопштиле дека успеале да издејствуваат од одборот на „Југохром“, работниците да бидат пратени на принуден одмор, односно ќе земаат 70 проценти од платата и ќе седат дома, додека неизвесна останува нивната судбина во наредните месеци.

Бајрам Амити, претседател на синдикатот рекол дека тие ќе продолжат да преговараат со  раководството на комбинатот.

Југохром доби неколку пролонгирања

Во октомври 2014 година Јогохром бараше пролонгирање на рокот за поставување на филтри на оџаците.

Тогаш Владата на компанијата и даде уште две години дополнителен рок, да ги исполни  условите за имплементација на еколошките дозволи.

Компанијата Југохром од Јегуновце се врбојува во поголемите металски индустрии и еден од позначајните извозници, а исто така голем дел од жителите од полошкиот регион се вработени токму во оваа компанија. Според Законот за животна средина, рокот за имплементација на интегрираните еколошки дозволи беше 1-ви 2014 –та година. Но на Макстил и Југохром им се дозволи  пролонгирање на рокот, до 31-ви  октомври 2014 година.  Но и до овој рок овие две копании не успеаја да ги исполнат еколошките критериуми.Па Владата донесе одлука Макстил привремено да ги згасне печките, а Југохром да го преполови производството. Фабрката „Југохром“ доби нов дополнителен рок, за воведување на новите еколошки стандарди, а компанијата Макстил откако ги исполни условите продолжи со работа. Компанијата “Југохром” од Јегуновце, најави  дека 150 работници ќе мора да ги прати на принуден одмор, но по шест месеци овие вработени треба да бидат вратени повторно на работа.Ваков договор бил постигнат со Владата, откако компанијата побарала да и се пролонгира рокот. Од еколошките друштва велат дека го имаат во предвид социјалниот аспект , односно отпуштањето на работници, но сметаат дека за одржлив развој е важно економијата и екологијата да одат во пакет. 

Можеби ќе ве интересира

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...