Приштина не отстапува, ќе формира армија
Објавено во: Балкан 10 Март, 2017
Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели изјави дека армијата на Косово ќе биде формира во текот на следните денови и тоа со едногасна одлука на Парламентот.
Како што јави дописникот на МИА, Весели вели дека стратешките косовски партнери, предводени од САД, ќе продолжат да го помагаат Косово и неговата „армија“, која, според него, ќе биде „најсилниот партнер на НАТО во регонот“.
„Трансформацијата на Косовските безбедносни сили (КБС) ќе се случи врз основа на закон, бидеќи се случи едно недоразбирање. Со закон КБС ќе ги превземе надлежности како армија и ќе биде воена сила каква што заслужуваме како независна и суверена држава. Убеден сум дека ќе биде најпрофесионален партнер во регионот за земјите членки на НАТО. Бидете убедени дека многу набрзо во Парламентот од Владата ќе биде доставен законот и едногласно ќе го изгласаме трансформирањето на безбедосните сили во армија“- изјави Весели.
Вели дека ќе го продолжат дијалогот со Србија затоа што не посакуваат војна. Но, додаде дека нема да дозволат за нивната држава и нивните граѓани, една држава која според нив нема никаков легитимитет да им се меша.
Претходниве денови, САД, НАТО и ЕУ ги осудија плановите на Приштина за трансформација на Коосвските безбедносни сили во Армија на Косово, без согласност на претставниците на сите етнички заедници.