Притвор за Мукоски и Арнаудов
Објавено во: Македонија 05 Декември, 2017
Кривичниот Суд им изрече мерка од 30 дневен притвор на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов.
Шестмината пратеници кои се осомничени за насилствата на 27 април во Собранието, денеска се појавија на распит во Кривичниот суд.
Тие останаа без имунитет како осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок.