20 Април, 2024
0.0269

ПРОБЛЕМ Е ИМЕТО И ИРЕДЕНТИЗМОТ: Коѕиас вели дека не се против постоење на Македонија

Објавено во: Македонија, Балкан 30 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас изјави дека разликите за името не значат дека Грција е против постоењето на Македонија, но смета дека освен името, главен проблем со неа е иредентизмот.

Според него,  во односите меѓу Атина и Скопје има два проблема, првиот е досегашната неодговорност, а вториот е чувството на Македонија дека Грција не го сака нејзиното постоење. 

„Јас тоа со моите изрази на афинитет го порекнувам,  но тие не сакаат да слушаат, дека нивната земја е дар од Бога, но проблемот е што избрале погрешен кум. Разликите во името не значат дека Грција не го сака постоењето на оваа држава, како и дека има какви било планови за нејзина реогранизација или дезинтеграција“ - вели Коѕиас во изјава за урeдници за надворешна политика во грчките медиуми, пренесува МИА.

Најавува дека Македонија и Грција ќе формираат комитет, кој ќе направи ревизија на учебниците и ќе се обиде да ги надмине несогласувањата во однос на историскиот контекст.

„Немаме ништо против да погледнеме во нашите книги и ако во нив има нешто погрешно, немам ништо против да биде коригирано“ - рече Коѕиас.

Тој смета дека всушност е добро што Македонија постои и нагласува дека доколку Атина и Скопје ги решат проблемите ќе имаат забрзана и одлична соработка, поради сличностите меѓу нив, особено со северна Грција.

Коѕиас потсети дека изминатите две години двете земји промовираат градење мерки на доверба, кои на почетокот на наишле на поддршка, но денес се целосно поддржани и од двете земји и од меѓународната заедница.

Коѕиас најави дека се работи и на отворање на граничниот премин кај Преспа.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите