ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ЗАГРЕБ: Србија ќе упати протестна нота до Хрватска
Објавено во: Балкан 03 Септември, 2017
Србија ќе упати протестна нота до Хрватска.
Вицепремиерот и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, информираше дека Србија ќе упати протест до Хрватска поради денешниот инцидент во Загреб што го предизвикаа членови на крајно десничарската Автохтона хрватска партија на правата, кои го изгореа српскиот неделник “Новости” и му се заканија на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ доколку ја отстрани плочата „За дом подготвени“ во Јасеновац.
Дачиќ изјави дека Србија многу пати изразила желба за добрососедските односи со Хрватска, но тоа подразбира секоја страна да се воздржува од провокации.