20 Април, 2024
0.0244

Продаден славниот фустан на Леди Ди

Објавено во: Стил 20 Март, 2013

Добивај вести на Viber

На аукција за 240.000 фунти анонимен понудувач го купи фустанот кој го носеше принцезата Диана кога танцуваше со Џон Траволта на свечената вечера во Белата куќа. Понудувач фустанот го купи како изненадување за сопругата, јави британскиот лист „Гардијан“.

Долгиот кадифен темно син фустан со отворени рамена, кој го дизајнираше Виктор Еделстеин привлече внимание во јавноста кога принцезата во неа заигра на подиумот во Белата куќа со холивудската ѕвезда Траволта, кој се прослави со танчерските улоги во филмовите „Брилјантин“ и „Треска во сабота навечер“. Славниот танц се случи за време на посетата на Диана на САД во 1985 година.

Тоа беше најатрактивниот предмет на аукцијата на десет фустани на Дијана на аукциската ккуќа Кери Тејлор во Лондон.

Кери Тејлор изјави за медиумите дека фустанот го купил „британски господин“ кој рече дека сака да ја изненади и развесели својата сопруга“.

- Се надевам дека продажбата навистина некому му го разубави денот, рече и додаде дека новата сопственичка на фустанот, продаден по највисока цена на аукцијата е „среќна жена“.

Целата колекција на фустани продадена е за вкупно 862.800 фунти, а понудите стигнувале дури од Австралија и САД. Тејлор рече дека е посебно задоволство што два фустани ги купи еден „важен“ британски музеј.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган