Добивај вести на Viber
Српската Влада треба да ги продаде сите возила од возниот парк и наместо Mерцедес, Aуди и БМВ сите членови на владата да се возат во националниот автомобил "Fiat 500L".
Ова е предлогот на пратениокот на Демократската партија во Србија Душан Милосављевиќ кој оцени дека тие средства би можеле да бидат употребени за подобар живот на трудниците и работниците.
-Ако го фаворизирате Fiat велејки дека е национално возило, предлагам да ги продадете сите аудија, мерцедеси..и сите да се возите во својот национален автомобил- возете 500L. Тоа е препорака и за сите локални самоуправи, изјавил Милосављевиќ во дел од собраниската седница кога пратениците поставуваат прашања.