22 Февруари, 2017
0.4488
    ALK 5507.3    0.13%     GRNT 670    -0.65%     KMB 2935.49    0.02%     MPT 27100    0%     RADE 1515    2.99%     RZUS 98    -8.41%     SBT 1351    0%     STB 925    1.1%     STIL 83    -2.35%     TNB 10400    0.6%     TPLF 951.95    -0.07%

Продавале маички на улица, и станале мултимилионери: Успеале благодарение на оваа реченица од нивната мајка!

Објавено во: Финансии 10 Јануари, 2017

Браќата Берт и Џон Џејкобс, основачи на компанијата „Life is Good“ (Животот е убав), дошле на идеја која ги променила нивните животи засекогаш: Одлучиле да продаваат маици кои сами ги дизајнирале.

Браќата поминале тежок период од продажбата на маици од комби на улиците на Бостон, до тоа да водат мултимилионски бизнис. Тие веројатно никогаш не би успеале да не била нивната мајка, Џоан, која ги учела своите синови да ги видат само добрите работи во животот, без разлика на се.

Џон и Берт пораснале како најмлади, од шест деца во семејството кое припаѓало на ниско-средната класа. Кога биле во основно училиште, нивните родители имале страшна сообраќајна незгода. Нивната мајка поминала полесно, но нивниот татко претрпел трауми и не можел повеќе да ја користи десната рака.

Оваа трагедија влијаела многу на однесувањето на нивниот татко: Станал нервозен, сешто можело да го иритира и почнал да се кара и навредува без причина.

Но, и покрај сите неволји, нивната мајка и понатаму верувала дека животот е добар, Секој ден, кога семејството се собирало и вечерало заедно, таа би го поставила на децата ова прашање: „Кои беа добрите работи кои денеска ви се случија?“

„Зборовите на мајка ми беа едноставни, но целосно ја променија енергијата во просторијата. И пред да станеме свесни за тоа, ги пребарувавме само најдобрите, најсмешните и најбизарните делови на денот. Тој оптимизам е нешто што нашето семејство секогаш го имаше, дури и кога речиси ништо друго немавме“, раскажува еден од браќата.


Оваа мајка ги научила своите синови дека да се биде оптимистичен е избор кој го правиме секој ден. Берт и Џон го следеле тоа правило целиот свој живот. Почнале да продаваат облека на улиците на Бостон, и после пет години продажба имале само 78 долари на сметка. Но, не се откажале. Нивниот голем успех дошол откако го основале својот бренд и повторно ја лансирале компанијата -произведувале маици со смајли и фразата “Life is good” (Животот е убав).

Едноставен но позитивен дизајн ги освоил срцата на многумина, и на крајот на годината “Life is Good” продал маички во вредност од 87 000 долари. Денес, нивните маички, шешири и други предмети за носење се продаваат во продавниците ширум светот, а компанијата се проценува на 100 милиони долари, и го промовира здравиот начин на живот. Баш како и пред 22 години, тие го живеат своето мото “Life is good” а изгледа дека со тоа се сложуваат и илјадници купувачи ширум светот.

Можеби ќе ве интересира

НЕСЕКОЈДНЕВНА ПРИКАЗНА: Работи кои ги научив од 12 мултимилионери кои не се родени богати

НЕСЕКОЈДНЕВНА ПРИКАЗНА: Работи кои ги научив од 12 мултимилионери кои не се родени богати

Ако не сакате помала плата, побрзајте за на работа

Ако не сакате помала плата, побрзајте за на работа

Со еден велосипед можат да заработат просечна плата

Со еден велосипед можат да заработат просечна плата

ШТО ПРАВАТ ПРВО КОГА СТАНАТ: Шест милијардери и нивните корисни утрински навики

ШТО ПРАВАТ ПРВО КОГА СТАНАТ: Шест милијардери и нивните корисни утрински навики

ИЗГОР ЦЕНИ: Ова се најскапите градови за одмор во светот!

ИЗГОР ЦЕНИ: Ова се најскапите градови за одмор во светот!

БАРАЈТЕ ГО ОНА ЗА КОЕ СОНУВАТЕ: Кога е вистинско време за вашите „Кариерни промени“?

БАРАЈТЕ ГО ОНА ЗА КОЕ СОНУВАТЕ: Кога е вистинско време за вашите „Кариерни промени“?

СТРУЧЊАК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: Ова се два најважни елементи на мотивационото писмо

СТРУЧЊАК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: Ова се два најважни елементи на мотивационото писмо

Грците масовно повлекуваат пари од банките

Грците масовно повлекуваат пари од банките

(ВИДЕО) Има 19 години, а веќе купи четврта вила од 12 милиони долари

(ВИДЕО) Има 19 години, а веќе купи четврта вила од 12 милиони долари