Продавниците во Венецуела се полнат, но цените се астрономски
Објавено во: Економија, Свет 28 Октомври, 2016
Земјата се откажала од социјалистичкиот сон да ги контролира сите цени.
Производи како маслото, млекото и оризот го направија големото враќање во супермаркетите во Венецуела, но нивните цени се астрономски.
Цената на црвениот зрел грав, кој е многу популарен во венецуелската кујна е 4211 боливар или 6,4 долари во земја каде што минималните приходи се 65 000 боливари или 100 долари.
Пред неколку месеци на и така разнебитената економија се додава и инфлација. Владата на претседателот Николас Мадуро благо ја спушти контролата врз цените, овозможувајќи особено увоз од Бразил и Колумбија на одредени видови храна, чии цени се одредуваат слободно.
Опозицијата во Венецуела најави генерален штрајк и се очекуваат протести против политиката на претседателот, Николас Мадуро.
Опозициските лидери повикаа на генерален штрајк во петокот и се заканија дека ќе организираат масовен марш кон претседателската палата на 3 ноември.