Продолжуваат протестите на грчките земјоделци
Објавено во: Балкан 25 Февруари, 2013
Протестите на грчките земјоделци продолжуваат, објавија тие денеска по неуспешните договори на нивни претставници со министерот за финансии Јанис Стурнарас и со други владини претставници.
„Ги слушнавме барањата на земјоделците, но нашите финансиски можности се ограничени, но и покрај тоа напорите ќе продолжат во рамки на буџетот, договорен од Владата заедно со нашите партнери, кредитори,“ соопти по преговорите министерот Стурнарас.Според најавите на земјоделците утре ќе се одржат собранија, по што ќе се донесе одлука за нивните понатамошни дејствија.
Грчките земјоделци протестираат цел месец незадоволни од намалените приходи, високите камати врз кредитите и зголемувањето на даноците.