28 Март, 2024
0.0239

Продолжува масовното затворање на продавници во САД

Објавено во: Финансии 14 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Компанијата „Sears Holdings“ продолжува со затворање на продавници, а во петокот издале соопштение за затворање на уште 35 продавници Kmart, и 8 продавници Sears, пишува  USA Today.

Неволјите во трговскиот синџир предизвикале неколку рунди затворање на продавници во текот на оваа година и тоа вупно 300 продавници. Иако култниот американски синџир на стоковни куќи има продавници на повеќе од илјада локации, Sears попушти под притисокот на онлајн конкуренцијата откако што против нив не успеа да се бори со традиционалната трговија.

„Долга низа години се боревме да ја вратиме непрофитабилната трговија на конкурентската позиција и да ги сочуваме работните места, и како резултат на тоа моравме да ги апсорбираме загубите во целиот процес, рекол директорот на Sears Еди Ламперт, додавајќи дека одлуките за затворање не биле лесни.

Sears е еден од многуте малопродажни гиганти кој се обидува да го најде своето засолниште и да преживее во опкружување кое е ориентирано на онлајн купување.

Трговскиот синџир J.C. Penney најави затворање на своите продавници на 138 локации што ќе значи откази за 6 илјади вработени, а синџирот Macy’s има во план да затвори 68 од нив. Трговскиот синџир за електронска опрема, Radio Shack, два пати во последните две години бараше заштита од банкрот, а многу други синџири се во процес на затворање на продажните простори.

Во март од Sears објавиле дека е тешко извесно нивно преживување, но стратегијата на намалување на трошоци наголемо ќе ја подобрат шансата.

Ламперт во петокот објави дека компанијата ќе отвори неколку мали продавници, но не ја изнел поедичноста на планот. Фирмата е близу до тоа да ја исполни целта на заштеда од 1.25 милијарди долари низ намалување на трошоци што вклучува затворање на трговија и отпуштања.

На фирмата и е овозможен кредит во износ од 500 милиони долари, и тие продале повеќе имто во вредност поголема од 200 милиони долари, што ќе овозможи отплата на дел од долгот и ќе ја генерира ликвидноста на фирмата, а од продажбата на својата трговска марка Craftsman собрале дополнителни 900 милиони долари.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка