28 Март, 2024
0.0293

Продолжува поддршката на Пивара Скопје за сочувување и афирмација на автентичната културна традиција

Објавено во: Мои пари 14 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Пивара Скопје и нејзините брендови и оваа година, традиционално, се нераскинлив дел од најпознатата македонска свадба, која викендов по 44-ти пат се одржува во неповторливиот амбиент на живописниот Галичник на планината Бистра.

Покрај финансиската поддршка за организацијата на годинешната „Галичка свадба“, со што се придонесува за зачувување и афирмација на автентичниот фолклор, уникатното народно творештво и традиција, како и националното културно богатство, Пивара Скопје за учесниците во оваа автентична културно-сценска манифестација обезбеди и соодветна количина пијалаци од своето портфолио, како неодвоив дел од сите веселби и прослави.

Дополнително, пред заминување кон Галичник, годинешните галички младоженци –невестата Тања Чалоска и зетот Бошко Лепчески, беа специјални гости на Пивара Скопје.

Од страна на директорот за односи со јавност и комуникации, Ламбро Патче, специјалните гости беа запознаени со 93 - годишната историја и компаниско наследство, како темел врз кој и денес Пивара Скопје ја гради својата мисија и визија за одржлива иднина, како и со компаниските вредности засновани на традицијата наследена од генерации Пиварци и нивниот труд и посветеност за производство на најпосакуваните пива и безалкохолни пијалаци на пазарот. Посебно беше акцентирана поддршката што компанијата со децении наназад ја обезбедува за зачувување и негување на културното богаство, вредностите и добробит на заедницата во целост.

Низ процесот на производство на пиво ги водеше еден од најискусните пивски мајстори во регионот, директорот за производство на пиво во Пивара Скопје, Кирчо Стојанов, а „магијата“за создавање на најпознатите светски безалкохолни пијалаци на Coca-Cola им ја откри директорот за производство на безалкохолни пијалаци,Горан Стојковски.

При посетата, годинешните галички младоженци добија и уникатни обележја „Амбасадор на Пивара Скопје“, како уште еден симболичен детаљ по кој тие ќе ги паметат деновите кога стапиле во брак во Галичник и со тоа придонеле за сочувување на автентичната македонска традиција и култура.

И оваа година, манифестацијата „Галичка свадба“се очекува да привлече илјадници посетители од земјава и странство, кои одново ќе имаат можност да бидат сведоци на над30-теоригинални свадбени обичаи, проследени со традиционални народни песни и ора, како и народни носии кои пленат со својата уникатност и убавина.

И во оваа прилика, Пивара Скопје им препорачува на сите оние кои викендов ќе се упатат кон Галичник, да возат безбедно, да не возат доколку пијат и да консумираат одговорно.


Можеби ќе ве интересира

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира