21 Февруари, 2018
0.3618
    ALK 7801.99    -1.64%     BESK 10275    -3%     GRNT 810    -0.06%     KMB 3389.73    -0.22%     MERM 800    -20%     MPT 29500.63    0%     OKTA 3620    0.56%     RMDEN16 94.9    0.11%     RZUS 139    3.73%     SBT 2041    -2.86%     STB 940.85    0.03%     STIL 139.03    -4.1%     TETE 2286.67    2.27%     TKVS 3110    2.98%     TNB 13581.59    -0.42%     TPLF 1649.9    1.35%     TTK 947    -2.97%     UNI 2050    0%

Проф. Душко Стојановски: Итна смена на директорите на средните училишта!

Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2018

„Ја упропастуваме секоја можност да станеме здраво општество, кое ќе се темели на вредност и квалитет, а не на партиска послушност. За такви квалитети се боревме повеќе од една деценија, такви квалитети должни сме да бараме и денес. Да алармираме кога ќе се поминат црвените линии. Се уште на чело на средните училишта има директори и раководства кои вршат притисок врз наставници од позиција на моќ, делат откази поради скршено его или суета. Тоа мора да престане и да се смени коренито”- вели за Фактор, професорот по македонски јазик, Душко Стојановски од гимназијата “Орце Николов”.

Раскажува дека е горд на своите ученици и работата за која секогаш со задоволство  зборува и ја извршува. На учениците им ја пренесува моќта на мислата и зборот, но ги учи да се изградат во личности со интегритет  кои секогаш отворено ќе зборуваат за проблемите. А, нив сега, вели ги има многу и наместо да се намалуваат, стануваат се поголеми и потешки за решавање. Еден од нив е и директорувањето под директива против кое една деценија  се бореа наставниците и учениците,  а  кое сеуште се  случува  во средните училишта.

“Наставниците се сериозно погодени, од она што го имаа како ентузијазам и еуфорија како желба работите да се сменат и да тргне како што треба во образованието нема ништо. Излегува дека  енергијата треба да се троши за одбрана од напади, дури и полоши од она што беше порано. Нормално е дека наставниците и професорите паѓаат во морална смисла. Тоа се наставници кои се посветени на работата,  сакаат да работат со ученици,со млади личности. Разочарани сме,  не сме  демотиривирани,  туку разочарани. Тоа се случува меѓу колегите. Се чувствува. Има секакви тортури кои доаѓаат од различни страни, диригирани од одмаздољубивите директори кои на тој начин сакаат да се одмаздат поради ситуацијата во која се наоѓаат самите. Од една страна им е повредено егото и суетата бидејќи не можат да бидат сигурни за ситуацијата во која се, а од друга страна  беа навикнати на друг начин да ги воспоставуваат работите. Опкружени се од полтрони и клиентела која  си  врши  свои купопродажни договори, а за се трпи образованието, наставниот процес, часовите”- вели професорот Стојановски.

Јазот во образованито како што вели се чувствува скоро во секое средно училиште, особено во метрополата. Неистомислениците со раководствата на училиштата и понатаму се жртви на мобинг, притисоци и понижувања.

“Едни не смеат да одат ниту на боледување бидејќи директорот им се заканува и им мавта пред нос со  листови од закон, дека ќе ги казни ако немаат точен број на часови според програмата, а другите си одат насекаде по проекти бидејќи знаат  убаво да климаат со главата кога ќе зборува директорот. Потоа  часовите волшебно ги запишуваат во дневниците дека се одработени. Учениците секако се среќни бидејќи не отишле на настава или губеле часови. И онака програмата е премногу обременета. Но кој добива, а кој губи во ваква ситуација? Моментно притисокот е прикриен и суптилен, но  сеуште постои”- додава професорот од Наставничкиот пленум.

Често се случува наставници во своите класови да  имаат и по десетина  повеќе ученици од законската граница, имаат полн фонд на часови иако се пријавени и платени само за половина, а секојдневно се изложени на разни опструкции.

“Ученици под бодовните можности и квотата се внесени во училиштето и се запишани. Инспекцијата е истата од некогаш и е во договор со управата на училиштата. Се прави друга слика дека е погрешен распоред на учениците во класовите, се  пријавуваат ученици надвор од редовниот список и тоа се протнува. Има прераспределување во други класови поради скриени работи и да се подметнат ученици само за да се внесат во училиштето. Без наставнички совет, без консултација. Ако некој професор од педагошки апсект рече дека ова распределување не е во ред, веднаш ќе добие инспекција, која замислете веднаш ќе се фати како го држите часот, како работите, дали се придржувате на програмата, дали е запишано, со опомена да водите сметка. Многу перфидни игри,расипани начини со кои се прави притисок врз наставниот кадар кој е неистомисленик со раководството во училиштето . Се обидуваат на сите оние кои имаат свое мислење и став,  сите на кои им е важен педагошкиот процес да се спречи по секоја цена” – потенцира професорот Стојановски.

Професионалецот во образованието според него  е оној кој  се грижи за учениците како за свои деца, кој ќе им помогне да созреат како здрави и исполнети  личности со интегритет и знаење.

“Малку сме разочарани, имаме  горчина во устата  но опстојуваме поради  својот позив да работиме  за интересот на своите ученици. Имеше неколку откази, партиските послушници директоруваат, се одмаздуваат таму каде е најтенко, најслабо. Неодамна имаше откази, во гимназијата “Јосип Броз Тито”,  во  градежното училиште. Истото се случи и кај нас во гимназијата “Орце Николов”. И секторот за образование беше информиран. Пред да почне училишната година на професор по физика, иако имаше потреба од таков кадар, му беше доделен отказ, само поради личен хир на директорот. Тие се такви,  ако почувствуваат слабост како крвопии се впуштаат и ја исцицуваат до крај. Беше избркан професорот,  па потоа донесоа нов и го прераспоредија од друго училиште”-  додава професорот по македонски јазик.

Реформите во образованието вели треба да ги има.  И тоа што побрзо. Но да се темелат надобро осмислени стратегии и лоцирани проблеми, а не само на флоскули на хартија.

“Јас учествувам во законските измени кои треба да се појават набрзо на страната на МОН. Очекувам да се случат наскоро. Но мора да знаеме, дека колку и да има најава за рефоми тие нема да се случат реално, ако не почнеме да ги решаваме чекор по чекор проблемите. Таму каде има директори кои уште директоруваат под директива на разни партиски центри и училилишни одбори кои сами си ги избираат па дури влијаат и во  одбор на родители кои сами ги бираа, нема да има ефект од реформите. Ќе функционираат како ним им одговара, што им одговара ќе го прифатат, што нема да им одговара ќе заврши во фиоки, ќе го заташкуваат и прикриваат. Така нема да стигне реформата вистински до оние кои им е најпотребна-учениците”-вели професорот Стојановски.

Актуелната власт според него има сериозен предизвик но и обврска да реагира на како што вели  неправдата, непрофесионалноста и беззаконието кое своеволно го спроведуваат некои директори. Во спротивно смета дека незадоволството ќе расте, а ќе трпи целиот образовен процес.

“Ги прогонуваа и им се закануваа на учениците и нивните родители кога бојкотираа за подобро образование, да сменат лудости на стариот систем. Сега какви промени да очекуваме сите од луѓе кои опстојуваат на секоја состојба. Мора да водиме сметка за децата, каков пример треба да им дадеме. На овој начин си ја унаказуваме иднината, нашите генерации, ја упропастуваме можноста да станеме здраво општество. Од градската и централната  власт очекувам да сфати дека под итно треба да ги смени управите во средните училишта, особено во Скопје. Верувајте се случува нешто страшно. Се штити нешто што не смее да се заштити, дали од незнаење или страв од револт не знам. Не е целта да се излежуваме во сенката на дрвата кои ги садиме, туку постојано да работиме. Не смееме да се поставиме во ситуација на комотност. Со овие луѓе кои сега ги водат училиштата, освен уништување,  нема друго да излезе. Сите директори гледаат како да ги заштитат своите позиции, самите знаат зошто времето кое им го даде власта им обезбеди време да ги прикријат нештата опасни за нив”- објаснува Стојановски.

Главната болка како што вели е силната  партизација против која со години алармираше и се бореше Наставничкиот пленум. Сега смета дека  работите тапкаат во место. Критериумите според него мора  да  бидат темелени на знаење,  но пред се и  на човечност.

“Може да бидете врвен математичар, хемичар, физичар, но пред се мора да бидете и врвен човек. Треба да почнеме да сфаќаме дека нов пристап на образованието токму  преку човечкиот квалитет”- порачува професорот Душко Стојановски. 


Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Нема да бидеме дел од решение коешто нема да одговори на интересите на Македонија

Мицкоски: Нема да бидеме дел од решение коешто нема да одговори на интересите на Македонија

Ердоган: Tурција има принципиелен став без дилеми за спорот со името

Ердоган: Tурција има принципиелен став без дилеми за спорот со името

Снег на повеќе локации и забрана за тешки товарни возила

Снег на повеќе локации и забрана за тешки товарни возила

Иванов во Анкара: Поканата за членство на Македонија во НАТО ќе биде уште еден поттик за реформските процеси

Иванов во Анкара: Поканата за членство на Македонија во НАТО ќе биде уште еден поттик за реформските процеси

ШТИПЈАНЕЦ ВО НАJГОЛЕМАТА САЈБЕР КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА: Извлекле 530 милиони долари од сметки од целиот свет

ШТИПЈАНЕЦ ВО НАJГОЛЕМАТА САЈБЕР КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА: Извлекле 530 милиони долари од сметки од целиот свет

Едвај се избраа новите потпретседатели на Собранието

Едвај се избраа новите потпретседатели на Собранието

Македонија ВТОРА во Европа по смртност на новороденчиња

Македонија ВТОРА во Европа по смртност на новороденчиња

Села можел да умре доколку докторите навремено не интервенирале

Села можел да умре доколку докторите навремено не интервенирале

Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е усвоен

Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е усвоен