23 Април, 2024
0.0324

Професор Илија Ацески: Протестот ја изгуби вредноста на заштита на општото добро

Објавено во: Македонија 19 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Политичката криза сега ја доживува својата кулминација, во насока на дестабилизација на партизираната држава, заробените институции, популистичката реторика но и јасно формираниот  клиентилистички начин на однесување за еден поголем дел од популацијата, кои власта десетина години постојано го храни и одржува во кондиција за изборниот чин, многу  да не се колебаат  кога ќе се најдат зад параванот на демократијата - вели за Фактор, универзитетскиот професор Илија Ацевски. Според него сеуште е нејасно  дали оваа состојба може целосно да се  именува како криза или тоа е систем кој функционира и кој  мора и треба да биде  демонтиран. Тоа како што вели само по себе создава криза која може да трае се додека не се формира здрава основа за да може институциите да функционираат нормално, или уште поконкретно во духот на европската интеграција.

“Да се оценува состојбата во Македонија е многу тешко. За едни е излез од кризата, за други е уште поголема криза, за трети незнаеме каде се движи земјата, со еден збор  таа се движи по примерот на мува зунзара (мува која лета горе долу, лево десно , право  кружно.....). Се разбира во тоа главна улога се медиумите  и нивните главни актери. Политичкото односно  партиското  длабоко ги приграби идентитетските прашања на нацијата, воспостави целосна контрола над институциите,го криминализира најголем дел од  системот”- потенцира професорот Ацески.

Во овие околности протестот според него веќе  ја нема вредноста на заштита на  општото добро, туку едноставно некој парцијален интерес на моќни поединци, кои со парите кои ги стекнале на незаконит начин се во состојба да направат уште многу зло.

“Што значи ситуацијата да излезе од контрола.? Кој ја контролира за  таа да  не излезе од контрола? Ако таа не излезе од контрола, тогаш е сериозно прашањето.Наставничката со крстотот во раце излегува од контрола на едно цивилизациско однесување, но таа е длабоко мотивирана од партиската ртеторика за да ги брани интересите во улога на клиент, што не мора да е така, но , нејзиното однесување идеално се вклопува во партизираниот систем во кој непријателот се најдува во другата партија и тој треба да биде уништен, да го нема. Што таа е наставничка, учителка, тоа може да и се земе за позитивно, гледано од аспект на партијата затоа што таа на тој начин создава и влијае на оние кои еден ден кога ке пораснат да го следат нејзиниот пример”- објаснува универзитетскиот професор.

Не е познато, како што вели Ацески  дали некаде во светот  има послаб образовен состем од македонскиот. Тоа е  особено видливо  во погорните степени, во високото образование. Слично е вели и со оние кои во име на партијата протестираат пред Државната изборна комисија, пред судовите, пред институциите, кога се брани некој интерес на партијата или уште поконкретно  некој интерес на некој нејзин истакнат член, функционер, кој во име на партијата и функцијата која ја обавува или обавувал длабоко навлегол во водите на криминалот и ги оштетил интересите  на заедницата.

Периодот на транзицијата, од деведесетите години на дваесетиот век до денес, вели најголем дел од партиите својата позиција ја граделе врз заплашување со другиот или другите како непријатели , низ една националистичка реторика со која се шири омраза, што доведе, не само до поделеност мегу групите  (национални, верски) туку и внатре , што е особено изразено кај македонците, на поделеност на патриоти и издајници.

“Едно од прашањата кое упорно се наметнува и станува неизбежно во иднина е поврзано со политичкиот идентитет на македонското општество, со една напомена дека тој ги обединува, или требало да ги обедини останатите идентитети, како што се етничкиот, националниот,  граѓанскиот,културниот. Се мисли на еден сумирачки идентитет кој во основата би требало да ги стави граѓанинот, правата и слобадата на поединецот, основите на почитување на културните и националните особиини како религија, јазик , обичаи.Тоа е навистина тешко во една  мултиетничка заедница каде интересите на групите се доведени во состојба на судири и висок степен на нетрпеливост”- објаснува професорот Ацески.

Дали може да се очекува вербалната војна да премине во реална, да започне да се излева на улица , низ некој вид на физичка пресметка, како насилство, граѓански судири, граѓани против граѓани е според него многу неизвесно. Тоа објаснува Ацески, зависи во голема мера од партиските елити и колку нивните реални интереси се загрозени.

“Под претпоставка да има вистина во она што се говори и е поврзано со организираниот криминал. Ако има малку криминал сигурно дека ќе има и малку немири ако воопшто и ги има, ако има многу криминал веројатноста за ,, граѓански немири“ ке биде поголема. Или поблага варијанта на тоа размислување, е поврзана со сигурноста на пленот. Колку е тој посигурен ,,безбедноста“ е поголема, колку е тој  во опаснпст ,, безбедноста  ке се намалува”. Но, што се подразбира под ,,безбедност”?! Едноставно укинете го СЈО, прогласете ги прислушуваните разговори за незаконски, не носете закон за заштитени сведоци, донесете закон за ослободување од одговорност на оние кои заработиле на незаконски  начин, ако парите ги вложат во земјата, се разбира под претпоставка нешто да вратат, мислам дека ,,безбедноста “ за краток рок можеби ќе се почувствува, но тоа ке остави тешки последици за иднината”- забележува професорот.

Можеби според него  тоа  може да биде некој вид на ,, манаџирање на незадоволството кај граганите“, се до оној момент кога парите ке бидат доволно чисти да се почне од почеток.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор