29 Март, 2024
0.2988

Професор Јован Налбанти: Екстерно образовно фијаско!

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Најавата на СДСМ дека ќе се бара законска мерка за укинување на екстерното тестирање не прекина да ја бранува јавноста. Наставниот кадар отворено и охрабрено јавно зборува за аномалиите на реформата која од самото внесување во образовниот систем подлежи на критики.

Професорот Јован Налбанти од средното економско училиште во Битола за Фактор вели дека екстерниот испит беше само палијативна мерка која имаше за цел заплашување и контролирање на наставниците. Никаков реформски зафат, а уште помалку вели дел од некаква реформа во образованието. Тој долги години предава економски предмети во битолското средно училиште и смета дека екстерното ниту ги оправдало причините за негово воведување, ниту го подобрило квалитетот и знаењето на учениците. Оттука вели дека сеуште останува нејасно зошто власта во заминување инсистираше по секоја цена да го турка проектот кој беше еден во низата кои беа бомбардирани со критики од стручната јавност, родителите, учениците.

“Екстерното е само уште еден пропаднат проект како што беше “компјутер за секое дете”. Ниту “Р” од логични и системски поврзани мерки кои би имале некаква цел за да може да се нарече реформа. А, дека беше мерка за заплашување и евентуално отстранување од работа на политички неистомисленици, најдобар доказ е првата верзија од Законот (кој падна на Уставен суд, но по сосем друг основ) според која оценките од екстерното не (требаше да) влијаат врз успехот на учениците,туку само требаше да го мерат отстапувањето во оценувањето на наставниците. Кога ја увидоа ноторната глупост дека незаинтересиран за својата оценка ученик не може да биде репер за оценување на наставниците, воведоа оценување и на учениците”- потенцира професорот Налбанти.

Најголемиот недостаток на екстерното според него е неправичноста во оценувањето на трудот што дискриминира ученици и наставници по повеќе основи со што се уништи последниот ориентир на наставниците за реално и правично оценување.

“Тврдам дека после воведувањето на екстерното, оценките на наставниците се далеку понеобјективни од претходно,затоа што репер за наставниците при оценувањето стана проценката на наставникот колку ученикот може да меморира од одговорите на 100,200 или 400 прашања понудени 3 дена пред испит. Ако се оди во детали,има уште многу фалинки од суштинска природа што направи овој т.н. проект да биде најголемото образовно фијаско на претходната Влада,која не собра храброст отворено и искрено да ја признае грешката, туку минатата година донесе измени во Законот со што оценките не влијаат на успехот на ученикот. Ваквото оценување на наставниците денешна Европа не познава,туку екстерните испити имаат сосема друга цел-да утврдат евентуални слаби точки на постоечкиот образовен систем и да се превземат соодветни мерки”- објаснува професорот.

Оценувањето на наставниците и нивното знаење,совесно работење вели е задача на директорите на училиштата кои вршат избор на наставници и ја контролираат нивната работа.

“Како секој менаџер на која било друга организација треба да се одговори за квалитетот на работата на училиштето и одговара пред оној кој го избрал. Во наши услови тоа отвора уште многу прашања, а суштинското е кои се критериумите при изборот на директори и наставници”

Ниедна форма на екстерно која како што нагласува професорот Налбанти, не може да го промени или замени лошиот критериум и лошиот избор. Ако тука се прават грешки, како што вели - екстерното никако не е лекот!

С.Б.


Можеби ќе ве интересира

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата