25 Април, 2024
0.0738

Професорите се заканија со штрајк, Владата под итно најде чаре за платите!

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Откако по седумдневна блокада, професорската фела алармираше дека Владата не ја исплаќа октомвриската плата, денеска на трансакциските сметки легнаа парите. Некому подоцна, некому порано, но се очекува заклучно со крајот на денешниот ден професорите, интелектуалната сила на оваа земја, конечно да си ја добијат заслужената плата. Откако за прв пат се случи, да доцнат платите на универзитетите многумина го покренаа прашањето што се случува со буџетот. Прв проговори универзитетскиот прфесор Јове Кекеновски, кој неколку дена, преку својот ФБ профил бараше одговор зошто платата не се исплаќа, но и одговорност од Министерот за образование Панче Кралев и од ректорот на државниот униерзитет. “Денес е 22 ноември, на универзитетот ,,св.Климент охридски" и најверојатно и на останатите државни универзитети сеуште нема плата. Во сериозна и демократска држава за ова следува одговорност. П.С. почитувани колеги не се кријте и немојте да ми телефонирате и да ми кажувате ,,браво", туку дигнете го својот глас и побарајте одговорност! – напиша професорот Кекеновски. Во меѓувреме, и дел од останатите професори побараа одговор за застојот. „По законот сите буџетски институции, па и приватните се обврзани платата да ја исплатат до 15 ти во месецот, меѓутоа денес е 22 ри, а ние сеуште немаме примено плати и други надоместоци кои универзитетот е обврзан да ги исплати. Тука се вбројуваат доплнителните активности за поголем фонд на часови, учество во магистерски комисии, во комисии за одбрана на докторски дисертации, рецензии на учебници. Варијабилата обично се исплаќа после месец дена , меѓутоа за некои надоместоци нема исплата повеќе од 3 месеци, вели професорот Зоран Киткањ. Дел од останатите професори се заканија со штрајк. Во професорските кругови се лиферуваа две верзии. Според првата, проблемот е во ликвидноста на буџетот, и во неможноста да се обезбедат пари за исплата на платаи. Според втората верзија, се работи за “суптилен“ притисок врз државните универзитети, сами да си ги подмируваат сметките за парно греење. Имено, откако универзитетите одбиле од својот фонд да ги плаќаат сметките, Владата направила потег со кој предизвикала застој во навремената исплата на платите, за да им покаже на професорите дека ги држи в рака. „Колегите укажуваат на тоа дека по секоја цена министерството и владата настојува трошоците за парното греење да ги сноси образовната институција. Ако сме ние државен факултет тогаш тоа треба последователно да оди и кај другите буџетски институции, значи и кај училиштата и здравствените институции, тука се и социјалните институции, па да видиме кај ќе биде крајот“, велат професорите. Според информациите, и на синоќа одржаните совети на дел од факултетите главна тема била исплата на платите е стравувањето дали тоа ќе стане пракса. Освен проблем со платите, дел од професорите на своите ФБ профили се пожалија дека во одредени високо образовни и научни институции немало парно греење. Сепак, на факултетите денеска ќе биде потопло, оти и паричниците ќе бидат подебели.  Ре­кто­ратот на уни­вер­зи­те­тот „Св. Ки­рил и Ме­то­диј“, за­ка­на­та за штрајк ја оцени како не­се­ри­оз­на, бидејќи велат, пла­та­та доц­ни са­мо не­кол­ку де­на. Инаку, професорските плати се финасираат комбинирано. Од 60% до 70% се исплаќаат преку буџет додека остатокот се финансира од парите на самите факултети. Според информациите, сите налози за исплата на плати до Министерството за финасии овој месец биле поднесени навреме, но потписот изостанал до доцна вчера. С.Ј.  

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?