19 Март, 2024
0.0253

Ристова за Фатиме Фетаи: Слика и прилика на големата Јустиција

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Професорката Мимоза Ристова на нејзиниот блог објави текст во кој го опишува искуството со обвинителката Фатиме Фетаи пред да стане специјален јавен обвинител.

Ја запознав Фатиме уште кога си беше обвинител во ОЈО, т.е. пред  да стане селебрити-СЈО. Еве ја приказната за тоа несекојдневно запознавање.

Ја обвинувам обвинителката

Но да се вратам наназад 3-4 години. Само што се бев вратила по едногодишниот престој од Америка, каде престојував како визитинг професор на Беркли, јас  веднаш и напишав писмо на обвинителката која го добила мојот предмет за да ја известам за враќањето. Имено, од ОЈО барав кривично да го гони таткото на моите деца поради неплаќање издршка. Но, предметот до моето заминување со децата за САД не беше уште распределен, па јас овластив една моја пријателка – адвокатка што ќе ме застапува за време на отсуството. Адвокатката Коцарева имаше задача да го запознае надлежниот обвинител за моето отсуство. И така, по враќањето јас три месеци не добивав покана за да посведочам за криминалното однесување на таткото на моите деца, кој инаку е полн како брод, но беше цврсто решил да не плаќа издршка за децата туку парите интензивно да си ги троши само на млади Русинки/Украинки, фацијални лифтинзи, третмани за подмладување,  абдоменални липосукции, набавки на разни други напитоци за долговечност, операции за расадување  коса од кај тилот кон предните опустошени регии. Човекот наместо за прехрана и образование на децата се беше пуштил во себе честење со севозможни “фонтани на вечната младост”. Поради мојот финансиски очај наспрема неговото расипничко лудило јас еден ден смртно се разлутив и напишав до OJO ургенција во која јас, Мимоза Ристова, ја обвинувам обвинителката Фетаи  дека таа намерно го одолговлекува предметот. Ја обвинив дека  не ме повикува само за да му услужи на таткото, кој е инаку дебело врзан со тогашната коруптивна власт на ДПМНЕ и ДУИ. И пишав дека поради недостиг на финансии и нејзиното неразумно одолговлекување веќе ги имав огласено за продажба клавирот и флејтата на моите деца, како прв луксуз без кој може да се преживее, и секако и ги закачив и линковите од Пазар3 како доказ. Најдолу во писмото и го запишав мојот  мобилен телефон, притоа во себе помислувајќи си “жими Ашима што обвинителката ќе ми се јави и со мене ќе сака да поразговара како со човек, после ова мое писмо”.

Телефонскиот повик од Фатима

И така, поминаа едно 10 дена од моето обвинение кон обвинителката. Тоа пладне бев седнала на кафе во еден кафиќ во Аеродром со еден човек што прв пат го гледам. Една моја бивша докторантка ми го имаше препорачано за да ми направи натален хороскоп кој ќе ми помогне да си ги најдам природните астрономски теченија, да не одам контра влијанијата на Вселената за полесно да запливам низ релативистичкиот простор-време. Таа знаеше дека просторот и времето имаат направено пакт против мене, дека многу ме тормозат и дека редовно ми ги јадат џигерите. И така, јас и тој Мухамед од Белград разговараме на темата знаци, асцеденти, куќи и триста аспекти кои не умеам да ги пренесам, пошто сум неука во астрологијата. Додека тој на лаптопот ми го покажуваше небото во моментот на моето рождение, ми зазвоне мобилниот.

               – Дали е тоа Г-ѓа Ристова Мимоза?

               – Да. Јас сум.

               -На телефон Обвинителка Фатиме Фетаи. Од вас добив едно многу навредливо писмо.

  – Навредливо??? Дали сте свесни колку сум јас навредена што не постапувате по овој сериозен предмет – неплаќање издршка? Дали вие мислите …… и почнав да се карам со неа …

        Целиот текст можете да го прочитате овде.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стејт Департментот ги стави Катица Јанева и Стевче Јакимовски на црната листа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стејт Департментот ги стави Катица Јанева и Стевче Јакимовски на црната листа

ПЕНДАРОВСКИ: Ниту јас, ниту мојот Кабинет сме користеле некогаш странски компании за правење на анкети

ПЕНДАРОВСКИ: Ниту јас, ниту мојот Кабинет сме користеле некогаш странски компании за правење на анкети

СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: И Америка и Свети Америка, јас работам во интерес на граѓаните на Македонија

СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: И Америка и Свети Америка, јас работам во интерес на граѓаните на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ДО СДСМ: Каде им се сега маичките со ликот на Јанева?

ВМРО-ДПМНЕ ДО СДСМ: Каде им се сега маичките со ликот на Јанева?

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Катица Јанева и Стевче Јакимовска на црната листа на САД

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Катица Јанева и Стевче Јакимовска на црната листа на САД

СЛОВЕНИЈА, БУГАРИЈА И ЦРНА ГОРА СЕ ПРЕД МАКЕДОНИЈА: Дали земјава е привлечна за меѓународните инвеститори?

СЛОВЕНИЈА, БУГАРИЈА И ЦРНА ГОРА СЕ ПРЕД МАКЕДОНИЈА: Дали земјава е привлечна за меѓународните инвеститори?

(ВИДЕО) ДИСЦИПЛИНСКА ЗА ЧЕТВОРИЦА ПОЛИЦАЈЦИ: Гости во локал мавтале со пиштоли, а тие не презеле ништо

(ВИДЕО) ДИСЦИПЛИНСКА ЗА ЧЕТВОРИЦА ПОЛИЦАЈЦИ: Гости во локал мавтале со пиштоли, а тие не презеле ништо

ПО МЕСО ОДЕТЕ ВО ШТИП, А ПО ГРАВ ВО СТРУМИЦА - и покрај „гарантираните цени“ големи разлики од град во град

ПО МЕСО ОДЕТЕ ВО ШТИП, А ПО ГРАВ ВО СТРУМИЦА - и покрај „гарантираните цени“ големи разлики од град во град

Бујар Османи: Протераните 17 руски дипломати ги фатив живи

Бујар Османи: Протераните 17 руски дипломати ги фатив живи