Добивај вести на Viber
Руската нафтена компанија „Лукоил“ соопшти дека во третиот квартал од годинава остварила раст на нето профитот за 56 %. Како што се наведува во соопштението, овој раст на профитот се должи пред се на успешно спроведените мерки за намалување на трошоците.
Исто така во соопштението стои дека во трите месеци заклучно со септември профитот изнесувал 3,5 милијарди долари, додека аналитичарите предвидувале заработка од 3,1 милијарда долари.
Истовремено, приходите на „Лукоил“ се зголемиле за 2,7 отсто на годишно ниво и достигнале до 35,5 милијарди долари, додека аналитичарите прогнозирале намалување на 33,7 милијарди долари.
Лукоил е втора по големина руска нафтена компанија по државната групација Росњефт, која неодамна најави преземање на третата по големина енергетска фирма во земјата, ТНК-БП.