25 Април, 2024
0.0270

ПРОГНОЗИ ЗА ЕВРОЗОНАТА: Како ќе се движи инфлацијата?

Објавено во: Економија 21 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

И во наредните години инфлацијата во еврозоната ќе биде слаба.

Тоа покажува дека Европската централна банка (ЕЦБ) е далеку од намалување на невидените мерки за стимулирање на економијата.

Основната инфлација се издига до 1,1% во оваа година, што е половина од целта на регулаторот. Прогнозите на „ЕЦБ“ се показателот да се зголеми до 1,3% во 2018-та година и 1,5% во 2019-та година, покажуваат податоците во тримесечниот извештај на финансиската институција „Survey of Professional Forecasters“.

„ЕЦБ“ тврди дека неодамнешниот скок во потрошувачките цени е само привремен феномен и се должи речиси целосно на зголемувањето на цените на нафтата.

„Кај основната инфлација, која ги исклучува цените на храната и горивата, недостасува убедлив тренд“, наведува централната банка во  извештајот. 

Инфлацијата во еврозоната во декември достигна раст од 1,1%, покажуваат прелиминарните податоци на „Евростат“. Во ноември растот на потрошувачките цени беше во рамките на 0,6%. Тоа е највисока вредност на инфлацијата од септември 2013-та година и над пазарните очекувања за 1%.

Се очекува средното ниво на инфлација оваа година да биде 1,4%, а ќе се забрза минимално до 1,5% во 2018-та година, а до 2021-ва година ќе се зголеми до 1,8%, стои во извештајот.

Претседателот на „ЕЦБ“, Марио Драги вели дека заканата од дефлација во еврозоната во голема мера е исчезната.

„Има потреба од значителен степен на олеснувања во монетарната политика, за да се стекне притисок во поддршката на инфлацијата на среден рок“- вели  Драги. 

Инфлацијата е далеку од целите на „ЕЦБ“ веќе повеќе години. Ирска е во дефлација, а Кипар, Грција и Италија се блиску до нула раст на потрошувачките цени. Ова илустрира дека блокот е далеку од целосното закрепнување од една од најтешките финансиски кризи по повеќе децении.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?