25 Април, 2024
0.0274

Програмата ИПАРД 1 заврши – ќе следи ИПАРД 2

Објавено во: Агробизнис 17 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Користењето на средства од ИПАРД 1 заврши, а реализацијата на оваа програма беше најголема во последниве две години.

За 5 години колку што реално се спроведуваше програмата беа објавени 12 јавни повици на кои аплицираа повеќе од 3.000 баратели.

Исплатени се 7,4 милиони, а до крајот се очекува да се исплатат уште 11 милиони евра за ИПАРД корисниците.

Во ИПАРД 2 која ќе стартува во септември,  програмата има олеснување во критериумите и зголемување на ко-финансирањето, од 50 на 60% . Овие пари ќе бидат за поддршка на примарното земјоделско производство и  65% за малите бизниси во рурални средини.

Досега користењето на европските фондовите во практиката овозможи искуство за македонските земјоделци како повеќе да аплицираат за ко-финансирање на нивните инвестиции според европските стандарди.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади