29 Март, 2024
0.0427

Произведувачите под лупа на ЕУ: Еден производ ќе биде ист за сите земји-и сиромашните ќе јадат оригинал „Нутела“

Објавено во: Економија 28 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Кога два различни производи се претстават во исто пакување тоа ги доведува до заблуда потрошувачите и тоа не е чесно“, објави комесарката на ЕУ Вера Јурова.

Можеби затоа што е од Чешка, но сега и комесарката за правосудство и потрошувачи Вера Јурова се вклучи во борбата против праксата концерни во исто пакување да нудат различни производи: за „богатите“ и други, за „сиромашните“ во ЕУ.

„Кога два различни производи се претстават во исто пакување тоа ги доведува до заблуда потрошувачите и тоа не е чесно“, објави комесарката на ЕУ Вера Јурова. Во меѓувреме постојат докази дека има „над десетина, а можеби и стотина производи кои во исти пакувања“ со квалитетни состојки се нудат на западот од ЕУ, а со помалку вредни меѓу „сиромашните“ во Европската унија.

Јурова вели дека од сопствено искуство во нејзината татковина Чешка знае дека на пример има „алармантно помалку риба во рибини стапчиња“.

-Одлучна сум да ставам крај на оваа пракса-најави комесарката на ЕУ.

Таквите „двојни стандарди“ се забранети со европските правила и насоки. Па и не само со политичка одлука, туку и пари. Комесаријатот на Вера Јурова добил милион евра на располагање да ги истражи ваквите случаи.

Брисел укажува на прописи за обезбедување на прехрамбени намирници и одредби за нечесна трговска пракса. Во насоките на ЕК се известуваат националните служби за контрола на храна дека би требало да го откријат недозволеното однесување на произведувачите. Со соработка со европската заштита на потрошувачи може да се види и тоа дали производите во други земји се „подобри“.

Пофалби за концерните кои ги променија рецептите

Сепак, нема да има никави европски „единици за замрзнати рибини стапчиња“. За утврдување на неправилноста надлежни остнуваат националните служби. Но на ниво на ЕУ, објави Јурова овој вторник, веќе до крајот на оваа година ќе се утврдат единствени стандарди за испитување на прехрамбените производи - и затоа на располагање и стојат милион евра.

Комесарката за правосудство и потрошувачи најави дека нема да се пишмани да ги истакне на столбот на срамот оние произведувачи за кои ќе има докази дека ги мамеле потрошувачите со своите производи“.Јурова додуша, нема да повика на бојкот, но ќе им помогне на европските потрошувачи да донесат втемелена одлука за купување.

Европската комесарка од Чешка ја поздрави одлуката на некои произведувачи да ја променат праксата и да почнат да произведуваат само еден „европски“ вид на производ. На пример, произведувачот на пецива „Балзен“ објави дека неговиот кекс отсега за сите ќе биде со путер и дека веќе нема да постои „специјален кекс“ во кој наместо путер е многу поевтината палмина маст. И произведувачот на детска храна Хип вети дека во сите производи во Европа ќе има ист процент на зеленчук.

Ако е поинаков производот, нека има и поинакво име

Јурова не можела да ја исклучи можноста дека тоа ќе доведе до поскапување на некои производи во земјите кои се жалеле на лош квалитет, но засега „нема знаци дека тоа ќе се случи“, изјавила комесарката. Од друга страна, таа ги советува произведувачите и понатаму да нудат такви помалку квалитетни производи, но под друго име. Така потрошувачите веднаш ќе може да видат дали купуваат поинаков производ.

Унгарската служба за контрола на прехрамбени производи овој февруари објави истражување со производи на 24 различни концерни и во кои е пронајдена цела низа неправилности. Унгарската „Нутела“ произведувач на „Фереро“ била „помалку кремаста“ од австриската, „Кока-кола“ била со „помалку изразена арома и безвкус“ а во инстант супите „Кнор“ имало 20 отсто помалку содржина, иако пакувањето било идентично.

И во Словачка дошло до различни резултати. Производите кои се продаваат во таа земја често имале повеќе масленост и понизок процент на месо отколку во истите производи кои се продаваат на западот. Наместо шеќер се користеле засладувачи, а наместо овошје-вештачки ароми. 

И.С.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?