Производ од БиХ хит во САД - плаќаат 15.000 долари за литар
Објавено во: Балкан 26 Септември, 2016
Мали шишенца со 5 милилитри масло од смил се продаваат за 74 долари.
Се работи за производ кој е направен од билки набрани во БиХ. Маслото од смил е вистински хит во странство, а Американците за него се подготвени да платат по неколку илјади долари.
Најголемата мрежа за тргување Амазон нуди масло од смил по нешто поевтина цена.
Но, и тоа е скапо затоа што се плаќаат 187 долари за 30 милилитри.
Купувачите на сајтот оставиле коментари дека им се допаѓа маслото, дека има пријатен мирис и привлечно пакување. Повеќето планираат пак да го нарачаат.
Стручњаците тврдат дека ова масло е поквалитетно од она од Прованса.
Оваа година во БиХ смилот се продава за 3 марки, цена која е двојно помала од лани и која ги разочара произведувачите.