19 Април, 2024
0.0273

ПРОИЗВОДИТЕ НА МАМА’С СО ДВЕ ЗЛАТА НА САЕМОТ ВО СОФИЈА

Објавено во: Мои пари 10 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Традиционалното тавче гравче и корнишоните на македонскиот бренд MAMA’С се закитија со два златни медала и Диплома за квалитетен и оригинален пазарен производ на меѓународниот саем што од 8 до 11 ноември се одржува во Интер експо центарот во Софија, Бугарија. Ова признание МАМА’С го доби во конкуренција на повеќе од 420 изложувачи.


„Награда е само дополнителна потврда за квалитетот и оригиналноста на нашите производи. Како бренд кој ја претставува македонската, но и балканската кујна, целосно сме вложени во развој на производи кои ќе ги задоволат вкусовите и на најпребирливите потрошувачи. Оваа награда за нас е големо задоволство, но и голема обврска да бидеме уште подобри и да ги прошируваме пазарите каде можат да се најдат нашите традиционални производи“ - истакна Калин Бабушку, бренд менаџер на МАМА’С.

МАМА’С лани на истиот саем доби златни медали за ајварот и домашната лутеница. Досега МАМА’С има добиено и други награди и признанија за своите производи, меѓу кои и наградата за Топ Деликатесни производи во Чешка, како и годинешната награда „Креатори на столетието“ во Дубровник, Република Хрватска.  


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга