20 Април, 2024
0.0262

ПроКредит Банка со екстра пролетна понуда, ова се деталите

Објавено во: Мои пари 21 Април, 2017

Добивај вести на Viber

ПроКредит Банка воведува пролетна понуда за професионалци која вклучува 24 часа модерно банкарство и најповолни услови за кредитирање. 

„Секој професионалец има потреба од модерно банкарство. Инвестиравме во софистицирано 24/7 банкарство кое станува лесно и едноставно за користење и им овозможува на физичките лица да посветат повеќе време на својот личен успех и кариера. Пролетната понуда за професионалци е одлична можност да им се приближиме на докторите, инженерите и професорите и да им понудиме целосно автоматизиран концепт на банка, а не засебни банкарски производи.” –изјави Наташа Шапкалиевска, Раководител на дел од деловната мрежа на ПроКредит Банка.

Професионалците како лекарите, инженерите, професорите и архитектите имаат динамична професија, не познаваат фиксни работни часови, ниту пак, можат однапред да ги планриаат дневните обврски. Токму поради тоа, автоматизираната услуга на ПроКредит Банка може да понуди друга алтернатива: услуга од работа или дома преку електронско банкарство, 24 часа достапност до готовина во денари и евра, како и персонализирана услуга од соверник за клиенти. Специјализирани советници за клиенти стојат на располагање на клиентите за советувања во поглед на кредити и штедење и сите услуги се прилагодени согласно потребите на клиентот.

Како уникатни предности кои може да ги уживаат клиентите од 24 часа модерно банкарство се:

·24/7 пристап до сметките

·Уплата и исплата на денари и евра во секое време

·Пристап до штедна сметка со картичка

·Една картичка за сите сметки на клиентот

·Модерна платформа за е-банкарство со можност за плаќање во земјата и странство

·Плаќања во земјата БЕЗ ПРОВИЗИЈА преку е-банкарство

·Сет банкарски услуги

·Личен советник за клиенти

·Зони 24/7 кои се на сигурни, безбедни и осветлени локации со паркинг и мониторинг 24/7

“Советниците за клиенти во ПроКредит Банка се професионалци во својата дејност. Тие се специјално обучени да опслужуваат физички лица кои се во фаза на инвестирање или креирање заштеди и може да им понудат на клиентите совет за најсоодветена банкарска услуга во зависност од индивидуалните потреби.” –изјави Роска Аџиска, Раководител на дел од деловната мрежа на ПроКредит Банка.

Дополнително, пролетната понуда им нуди на професионалците кредити по најповолни услови.

Станбен кредит:

·3,5% фиксна каматна стапка за првите 5 години,потоа 5,2% + 6 месечен ЕУРИБОР, но не пониска од 5.5% каматна стапка за останатиот период

·0% провизија при исплата

·Рок на отплата до 25 години

Кредит за еко реновирање:

·6% фиксна каматна стапка за првите 5 години,потоа 2% + Т-билс не пониска од 6.5% каматна стапка за останатиот период за МКД

·6% првите 5 години,потоа 5.5% + 6 месечен ЕУРИБОР не пониска од 6% каматна стапка за останатиот период за ЕУР

·0% провизија при исплата

·Рок на исплата до 15 години во ЕУР и 8 години во МКД

Дозволено пречекорување на сметка/ Кредитна картичка:

·7,5% каматна стапка

·Износ до три плати

Потрошувачки кредит:

·7% фиксна каматна стапка за првата година,потоа 6% + Т-билс не пониска од 9% каматна стапка за останатиот период.

·Рок на исплата до 8 години

Повеќе информации за пролетната понуда може да проверите на http://pcb.com.mk/ или во една од експозитурите на ПроКредит Банка.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга