24 Април, 2024
0.0255

Промашена идеја за одбрана на курсот на денарот

Објавено во: Економија, Колумни 02 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Гледајќи ја паниката на менувачките пазари и проблемите со курсот на националната валута, Гувернерот реши вредноста на домашната валута да ја брани со казни!!! Ќе предложел иницијатива до новиот Парламент,  да се донесе закон со кој ќе се инкриминира „вештачкото создавање криза во банкарскиот сектор“ . Тоа значи, секој оној кој ќе изрази сомнеж во реалната вредност да домашната валута и побара јавно нејзина корекција ќе биде кривично гонет. Или недај боже, доколку јавно се изрази недоверба во банкарскиот систем ситуацијата дополнително се компликува. И тука Гувернерот ја прави клучната грешка. Со  самиот факт што бара казнени мерки  со кои ќе ја брани вредноста на домашната валута тој ги девалвира аргументи поради кои смета дека нема причини за загриженост.  Во исто време ги девалвира и сопствените укажувања  дека гласините доаѓаат од злонамерници кои само сакаат да предизвикаат нарушување на макроекономската стабилност. Пред да ја елаборирам промашеноста на замислата, сакам да  отстранам било какви сомневања дека, во екот на политичката криза во земјата, бранам „шпекуланти“, иако подолго време се залагам за промена на монетарната стартегија во чија основа е и таргетирањето на девизниот  курс. Уште повеќе што сметам дека и оптужбите против оние што имаат поинакви размисли од официјалните политики на НБРМ  се претерани. Ако аргументите на Гувернерот за стабилноста на економијата и ефикасноста на макроекономската и монетарната политика се издржани, тогаш навистина е безпредметен најавениот предлог за одбрана на денарот и стабилноста на банкарскиот систем со инкриминирање на определени шпекулации.  Се разбира, освен ако аргументите не се валидни. А ако не се, нема закон кој ќе ги спречи луѓето слободно да располагаат со личните средства во сопствен интерес. Гувернерот, во  повеќе наврати, потврди дека „Народната банка има капацитети и може да испорача ценовна стабилност, стабилност на курсот на денарот и сугурност на банкарскиот систем“. Тој дури не заборави да предупреди дека НБРМ ќе издржи во остварувањето на споменатите цели, користејќи ги и инструментите на монетарната политика  и по цена да се заострат условите за кредитирање, што пак би значело пораст на каматите и пораст на стапката на задолжителна резерва. И на Гувернерот му е јасно дека таквиот потег ќе предизвика пад на инвестициите и потрошувачката, како и забавување на растот. Нему му е јасно дека со тие мерки,  тој ќе воспостави рамнотежа во понудата и побарувачката за да обезбеди стабилност на курсот, но тука заборава, дека со тоа признава дека чекорот до нерамнотежа е и банална шпекулација. Затоа, неопходно е да се бараат решенија како да се излезе од таквата зона, а не одбраната на стабилноста на денарот да се реализира преку изрекување  санкции. Вредноста на домашната валута секогаш ќе биде лесно ранлива доколку курсот е нереален, односно истиот се одржува на „стаклени нозе“. Од досегашната практика е очигледно дека Гувернерот си стои на зборот. Го одржа дека ќе води „диктаторска“ одбрана на курсот, по било која цена (а таа не е ниска со оглед на бројните мерки на внатрешна девалвација). До кога Гувернерот ќе се држи до зборот? Има ли поефикасна заштита од вербално убедување дека се’ е во ред?  Секако дека има, ама кошта и задира во одговорноста на носителите на монетарната и макроекономската политика. Наместо да предлага неодржливи решенија, на располагање ним им стои ефикасно економско решение. Државата да се обврзи дека ќе ги обесштети денарските штедачи при евентуално намалување на интервалутарната вредност на домашната валута. Тоа ќе ги елиминира шпекулациите. А ако државата и НБРМ навистина намераваат долго да останат доследни на досегашната политика, тоа и нема да ги кошта многу. Но, ако дојде до промена, цената на обесштетувањето ќе мора да ја платат тие. Без таква обврска, штедачите се изложени на ризик и лесно подлегнуваат на шпекулации доколку ја губат довербата во монетарната и фискалната власт. И не без причина. Во законот за девизно работење, црно на бело, стои „дека курсот на девизниот пазар се формира слободно“.  Фактички тој е врзан за еврото. А до кога, никој не знае. Логично е дека во определен момент може да биде напуштено врзувањето. Тука се јавува просторот за шпекулации. Но, и тие можат да се елиминираат. Наместо да предлагаат да се санкционира „вештачкото создавање на криза“ (што никој не ќе може да дефинира што значи тоа) нека се предложат измени во законот за девизно работење во кои со закон ќе се утврди дека курсот на денарот се врзува за еврото и како таков да се брани, што би рекол Гувернерот, со сите средства. Некој ќе рече дека ситуацијата е таква и сега. Точно е тоа. Меѓутоа, со сегашнава законска регулатива, одговорноста за неуспешната монетарна политика ќе се минимизира со правото да се изврши и корекција на курсот на денарот. А ако тој е законски фиксиран за еврото, неговата промена не е можна без промена на законот. А тогаш, се разбира, не може да се избегне и расправа за одговорноста на носителите на монетарната и макроекономската политика во земјата. Вака, властите имаат комоција. Се бусаат во гради со стабилноста, а кога дефинитивно ќе биде доведена во прашање, без проблеми ќе ја напуштат и за тоа ќе ги оптужат „шпекулантите“. Вербата и исправноста во сопствените политики властите можат   да ја  манифестираат само преку озаконување на споменативе решенија. Се’ друго се приказни за оправдување од евентуален иден близок неуспех. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска