20 Април, 2024
0.0313

Промени

Објавено во: Колумни 01 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Различни секогаш ќе има, затоа што и ние за некого сме различни. Не е важно по што.Важно е дека Луѓето секогаш се поврзани, дури и кога не се познаваат. Тие меѓусебно се препознаваат насекаде: по погледот, насмевката, емпатијата, кажаното, напишаното, направеното... Забележуваат само една разлика – или си човек, или не си.

Се знае кому му одговара овој најпроверен рецепт, во страв и недоверба да се делиме на наши и оние другите, наместо да мислиме на сиромаштијата и вртлогот во кој предолго живееме алтернативни животи. Се знае и зошто некој пее химна како свадбарска музичка желба, со која помислува дека собира поени пред потрезните од него, од место каде не му е местото. Време е да се прекинат обрасците кои не носат промени, туку значат само повторување на истите грешки. Време е да ги зграпчиме ресурсите и здравите снаги во нашето зовриено и болно општество. Да продолжиме да се поврзуваме низ различни секојдневни човечки дела, наспроти неделата од регрутираните следбеници на насилните водачи. Имаме потенцијали и резилиенци на кои можеме да се потпреме и кои можат да нè мотивираат да зачекориме кон промени. Заедно! Сите Луѓе, кои се одговорни за оние кои допрва така заслужено ќе се наречат.

Видовме како не треба. Предолго некои самобендисани и неуки суштества, живееја во лудоста – Државата, тоа сум јас! Предолго стравот од нивната лудост, им дозволуваше од нивното стадо да слушаат - Државата, тоа си ти!

Државата сме сите ние, кои можеме да го најдеме своето место во мозаикот Македонија и да направиме нешто за Македонија, бидејќи тука се нашите деца, семејства, пријатели, домови... Така секој е едноставно обичен човек и граѓанин, а не суштество, од некаква си страшно важна националност, од некоја партиска секта.

Различни секогаш ќе има, затоа што и ние за некого сме различни. Не е важно по што. Важно е да продолжиме како Луѓе. Време е за промени!

Елизабета Петровиќ


Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок