19 Април, 2024
0.0664

Промени во раководството на Македонски Телеком

Објавено во: Мои пари 22 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Андреас Маиерхофер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком, заминува од компанијата и е назначен за Главен извршен директор на Т-Мобиле Полска, од 1 април, 2017 година.

Маиерхофер дојде на позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком и Претседател на Одборот на директори на Т-Мобиле Македонија во 2014 година. Во неговата долга кариера во телекомуникацискиот сектор, ова беше негово прво искуство во Дојче Телеком групацијата, каде и ќе продолжи со своите професионални предизвици.

Под негово водство Т-Мобиле и Македонски Телеком станаа една компанија, што придонесе за уште подобро позиционирање на пазарот, се стабилизираше трендот на опаѓање на приходите, продолжија инвестициите во 4G мрежата и напредните технологии што овозможува на корисниците да им се понудат модерни, конвергирани и „смарт“ решенија и услуги.

Маиерхоферпочна да работи во 1987 година во Групацијата Телеком Австрија и од тогаш бил носител на повеќе менаџерски позиции.  Во 1996 година станал Раководител на Секторот за фактурирање и наплата, а во 1999 година ја презел позицијата Директор на Кориснички услуги во Мобилком Австрија.  Како Главен оперативен директор во Си.мобил Словенија, Андреас бил одговорен за маркетинг, продажба, кориснички услуги и човечки ресурси од 2004 година, а во 2006 година станал нејзин Главен извршен директор. Својата меѓународна кариера ја продолжил во Бугарија каде што ја презел функцијата Главен комерцијален директор, а во 2009 година станал и Главен извршен директор на Мобител ЕАД, позиција на која бил до 2014 година. 

Постапката за избор и назначување на нов Главен извршен директор на Македонски Телеком е во тек. Маиерхофер ќе ја води компанијата до 1 мај, 2017 година, кога треба да се избере негов заменик.

Андреас Маиерхофер ќе остане неизвршен член на Одборот на директори на Македонски Телеком.

Можеби ќе ве интересира

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023