20 Април, 2024
0.0288

Промоција на три софтвери за подобрување на македонската економија

Објавено во: Мои пари 02 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Како проект на УСАИД, а со цел унапредување на инвестирањето и извозот, денеска ќе бидат промовирани три софтвери и тоа www.konkurentnost.mk, www.ener.gov.мк и интернет порталот за извоз. Овие програми се изработени во соработка и за потребите на МИОА, Министерството за економија и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.

Порталот www.konkurentnost.mk - е хостиран од Министерството за економија и треба да овозможи подобар пристап до информации за претставниците на бизнис секторот за сите расположливи мерки за поддршка што ги обезбедува Владата, бидејќи истите ќе бидат организирани на едно место. Информациите на овој портал се однесуваат на имплементација на индустриската политика 2009-2020, како што се: програмите, јавни повици за распределба на средства, објаснувања за процесот за аплицирање, извештаи за дистрибуција на средствата сл. Овој портал се очекува значително да ја подобри транспарентноста и ефикасноста на целокупната имплементација на индустриска политика. Порталот www.ener.gov.mk - е хостиран од страна на Министерството за информатичко општество и администрација, главната цел на единствениот националeн електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР) е да се зголеми вклучување на приватниот сектор и НВО во процесот на креирање на економските политики и законодавството кои влијаат на развојот на бизнисот во Македонија. Овој веб портал трба да придонесе за зголемување на свеста за проценка на влијанието на регулативата и реафирмација на својата улога во формулирање на здрави економски политики и за подобрување на јавно-приватниот дијалог во Македонија. Порталот за извоз е хостиран од страна на Агенцијата за странски директни инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (Инвест Македонија). Овој портал ќе овозможи пристап до пазарни информации, ќе обезбеди ефективни пазарни информации за извозниците, увозниците и општата јавност. Вклучува база на податоци кои може да се пребаруваат по производ или името на компанијата, детали за претстојните саеми и настани, како и информации за извозните сектори во Македонија. Исто така обезбедува пристап до електронски пазари преку кои се поврзуваат странските купувачи со македонски продавачи.

Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција