25 Април, 2024
0.0293

ЉУБОВ НА ПРВ ПОГЛЕД

Промовиран нов интернационален бренд со потпис на две успешни делови жени од Македонија

Објавено во: Мои пари 25 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

ВИСОКО КВАЛИТЕТНИ МОДЕРНИ ЖЕНСКИ ЧАНТИ ОД ЧИСТА КОЖА, СО ФОКУС НА ВПЕЧАТЛИВ ДИЗАЈН

Главни поенти:

·  "Si-miami" (Си – миами)  е новиот интернационален бренд за висококвалитетни рачно изработени женски чанти од чиста кожа. Кожата е со потекло од европски земји, најголем дел од Италија, а производството е во Македонија.

·  Создаден во Македонија, од две жени успешни деловни жени,  кои потпирајќи се на својата визија, употребувајќи го традиционалниот начин на обработка на кожа создадоа безвременски, уникатни чанти за современата жена.

·  Со исклучителна посветеност во процесот на рачно создавање, секоја "Si-miami"  чанта претставува можност за експресија на стилот на современата, креативна, успешна и независна жена.

  Чантите  како неделлив сегмент од современиот стил на живеење, се одраз на дел од карактерот, стилот и функционалноста.

·  "Si-miami" чантите се наменети за жена со избалансиран живот водена од нескротиливата потреба за уникатност, практичност и висок квалитет.

·  Продажбата на производите под брендот Si-miami ќе се одвива преку веб страна http://www.si- miami.com/

Вчера, чертврток, 20ти октомври, во автентичниот амбиент на винскиот клуб на ресторан Мулино во Скопје, пред одбрана публика од над 120 жени од медиумите, деловниот свет, дипломатскиот кор и јавниот живот во нашата земја, беше промовиран новиот интернационален бренд на високо квалитетни женски чанти и аксесоари, под името "Si-miami".

Над 60 модели од линијата на модерни рачно изработени женски чанти и аксесоари на брендот "Si-miami", вчера се сретнаа со својата прва публика на жени со стил и префинет вкус, со кои остварија топла, непосредна комуникација. Првите споделени впечатоци, недвојбено упатуваа на лесно воспоставена емотивна релација – на љубов на прв поглед.

Секој од експонатите пленеше со своја индивидуалност и оригиналност. Приказната на овој бренд е пред се приказна на вистинска љубов, енергија и посветеност, без компромиси по однос на квалитет.

Емотивната искрена порака е конзистентна - од креација, преку избор на вид кожа за надворешниот и внатршниот дел, патенти од врвен светски бренд, специјални конци, избор на детали, комплетна рачна изработа и финализација на производот, до неговото пакување.  Во целиот процес на создавање на секоја поединечна чанта очигледна е почитта кон современата жена, нејзините потреби, желби, критериуми, но и настојувањето да се придонесе за нејзината индивидуалност и самодоверба.

Создавачи на брендот "Si-miami" се Светлана Петровска, (сопственик на најголемата консултанска куќа во Македонија -Таргет комуникации и предавач за маркетинг стратегија на Американ Колеџ) и Ирена Николовска ( Доктор на науки по образование и лидерство во Америка, предавач на Американ Колеџ за интернационален маркетинг). Брендот "Si-miami" и неговите производи се продукт пред се на нивната потреба за артикулација на личната креативна енергија и едновременото препознавање на мигот за создавање во неговиот зенит. Обете со богати деловни искуства, едната во Македонија, другата во Америка.

"Иако се знаеме само 10 месеци, нас не поврза енергијата и заедничката желба да создадеме чанти кои ќе ја прават секоја жена да се чувствува сакано и уникатно. Секоја чанта ја отсликува нашата заедничка енергија и посветеност кон  "Si-miami". Нашиот бренд е плод на емоција, љубов и потребата од индивидуалност." Сподели на вчерашната средба Ирена Николовска, која додададе дека со брендот "Si-miami" се обрнува внимание на љубовта меѓу жената и нејзината чанта.

Светлана Петровска која во претходните дваесет години, во Македонија создаде повеќе брендови и продукти кои ги надминаа рамките на локални вреднувања, додаде: "Енергијата на Ирена за мене беше извонредно испиративна, таа е реално поттикнувачот на ова јавно опредметување на едно од моите хобија. Имено на секоја жена која е под континуирано оптоварување од предизвиците на современото делување и живеење, потребно и е хоби за релаксација на мислата и надополнување со енергија. Вистинската емоција со која за себе и блиските создавав оригинални чанти, е истата која сега ја умножувам и споделувам, но сега е надградена со професионален сериозен и темелен пристап на веќе цел еден тим".

"МИАМИ" е дел од името на брендот кој ги носи нивните иницијали СИ. Нивната верба дека меѓу жената и нејзината чанта има вистинска емоција е потврдена токму низ овој дел од името на брендот.  MIAMI –  на латински значи МЕ САКАШ.  Латинсиот јазик е и во имињата на поединечните модели, а и во слоганот "FEMINAFORTEM"  - СИЛНИ ЖЕНИ. Брендот е очигледно наменет за жени кои се чувствуваат силни и кои сакаат да се чувствуваат силни. Чето за жената да се чувствува силно е доволна само чанта која ја носи достоинствено, ташна која ја сака, затоа што во својата внатрешност ја чува нејзината приватност, а со надворешниот изглед ја штити нејзината посебност.

Моделите на "Si-miami" на својата прво појавување се презентираа во полн сјај, а присутните покрај честитките упатени кон Светлана и Ирена, јасно говореа дека се горди што во Македонија се создава високо квалитетен бренд на женски чанти кој може да се носи со светски потврдени брендови. Најчестите коментари беа дека жените се чувствуваат како да се во Италија на промоција на италијански бренд за женски чанти, а тоа го потврдија и дел од гостинките од дипломатскиот кор меѓу кои и државјанки на Италија. Беше задоволство да се слушне дека меѓу изложените модели, жените брзо ја препознаваа својата посакувана чанта, или чантата која ги сака. (И повеќе од една)..

Веќе со нетрпение се очекува почетокот на продажбата на експонатиите кои на вечерната промоција,  винскиот клуб Мулино го претворија во моден салон и побудија огромен интерес.Продажбата како што најавија од тимот на  "Si-miami", ќе се одвивапо угледот на другите интернационални брендови, преку е-комерц, или со он лајн продажба преку веб страна http://www.si- miami.com. 


Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan