19 Април, 2024
0.0240

Промовирана услугата за безготовинско плаќање на нови лични документи

Објавено во: Мои пари 27 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ја промовираа новата услуга за безготовинско плаќање преку ПОС терминали при аплицирање за нови лични документи.

Со можноста за плаќање на трошоците за вадење документи преку ПОС терминали постапката за издавање документи е многу поедноставена, односно граѓаните од денеска на лице место ќе можат да изршат плаќање со платежна картичка.

- Тоа значи дека граѓаните може да закажат по електронски пат и со само едно доаѓање на местото на издавање на документите да ги завршат сите административни процедури на многу поедноставен начин, притоа избегнувајќи го непотребното трошење време, констатира Јанкулоска.

Според неа, корисно за граѓаните е и тоа што со оваа услуга провизијата потребна да се плати за издавање документи е многу помала зависно од типот на документи. Нагласи дека ова е дел од реформите кои Владата ги спроведува во функција на доближување на услугите на администрацијата до граѓаните и овозможување подобар сервис за реализирање на сите нивни потреби.

Во МВР на територијата на Република Македонија инсталирани се вкупно 167 ПОС терминали, а бројот на службеници од МВР обучени да ракуваат со нив изнесува 170.

Вицепремиерот Ставрески потенцирајќи дека на овој начин за граѓаните значително се намалуваат трошоците, посочи дека овој проект е уште една мерка во функција на подобрување на услугите и нивна поголема достапност до граѓаните.

- Претходно ние воведовме можност за плаќање на административните такси, а подоцна и на судските такси, преку СМС порака преку мобилните телефони, при што го  сменивме лимитот до кој износ тоа може да се врши, но се во функција  граѓаните полесно да ги завршуваат работите, потсети Ставрески.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година