19 Април, 2024
0.1211

Промовирање активно граѓанство и унапреден образовен систем

Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, денеска, организираше Валоризациона конференција со која се одбележа успешната имплементација и реализација на програмата Еразмус плус во 2016 година.

Според директорот на Националната агенција, Дарко Димитров, стапувањето на Република Македонија во програмата на Европската Унија - Еразмус плус, која започна со имплементацијаво јануари 2014 година, е од исклучитено значење, пред сé, за промоција на интернационализацијата на образовните институции, невладиниот сектор и сите останати тела кои се јавуваат како корисници на ниво на Република Македонија.

„Успехот се должи на напорната работа и посветеноста на тимот во промовирање на Програмата и можностите кои ги нуди како нова димензија во областите на образованието, обуката, младинската работа и спортот, а истовремено и на успешното имплементирање на доделените проекти од страна на корисниците и позитивните резултати од нивната имплементација. Перспективите на агенцијата се целосно посветени кон унапредување на македонскиот образовен систем, промовирање на активно граѓанство кај младите луѓе и создавање на подобри можности за сите.Инклузивноста, социјалната кохезија и активното граѓанство се дополнителни придобивки од овој концепт“, рече Димитров пред многубројната публика – професори, ученици, студенти.

Повикот за предлог проекти за 2017 година веќе е објавен и заинтересираните апликанти почнаа со изготвување на своите апликации и финализирање за поднесување во претстојните крајни рокови.

За Муарио Ди Вероли, претставник на Европската делегација во Република Македонија, Еразмус плус програмата е дел од европските програми за образование, едукација, обука, млади и спорт.

„Програмата е многу успешна во однос на промовирање на соработката меѓу Европската унија и земјите - партнери во спроведувањето добри практики. Наредната година, Еразмус плус ќе слави 30 години и станува збор за успешна приказна со која Европската унија се обидува да ги подобри вештините на младите за вработување. Сé уште не се знае буџетот за 2017 година, но најверојатно ќе биде поголем од 5 милиони евра“, рече Ди Вероли на денешната валоризациона конференција.

На валоризационата конференција беше истакнато дека стратешка цел на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, освен програмата Еразмус плус, е да биде одговорна и во своја надлежност да ги превземе и останатите европски иницијативи и мрежи од областа на образованието, обуката и младите. Националната агенција  ги имплементира Европските иницијативи од областа на образованието и младите - Еуропас, Еуродеск, Евридика, Еурогајденс, еТвининг, ЕкВет и Јут.

„На Повикот кој беше објавен за предлог проекти за Програмата Еразмус плус во 2016 година, во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беа пристигнати 328 апликации за проекти, од кои одобрени се вкупно 89 проекти. Нивната имплементација се одвиваа во текот на оваа и ќе се одвиваат уште во наредните две години, во зависност од периодот на времетраење за секој проект одделно“, рече Димитров.

Буџетот за 2016 година, заедно со дополнителните средства кои ги одобри Европската комисија за партнерски проекти, односно Стратешки партнерства во училишното образование, е реализиран 96%. Односно со корисниците потпишани се договори за грант во износ од 4.861.562 евра, што претставува признание за посветеноста на вработените во Националната агенција, но истовремено покажува и високо ниво на информираност на граѓаните на Република Македонија за можностите од Европските програми, како и препознавањето на потенцијалот и важноста од учеството кое корисниците го демонстрираа изминатиов период.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга