Пронајдено безживотно тело на штипјанец
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2018
Утрово во Штип е пронајдено безживотно тело на Т.Б(62) . Со видливи повреди на главата, телото е пронајдено во неговиот стан од страна на неговиот син, а случајот го пријавила сосетката.
Засега од полицијата не потврдуваат дали се работи за несреќен случај или пак убиство.
По налог на дежурен јавен обвинител на информативен разговор во штипската полиција се повикани три лица на возраст од 24 до 32 годишна возраст. Меѓу нив е и неговиот син. Телото на починатиот е дадено на обдукција, по што ќе се утврди вистината за смрта на 62 годишниот штипјанец. Повеќе детали од полицијата најавуваат за утре.