25 Април, 2024
0.0288

Пропадна инвестиција во мали хидро-централи вредна 1, 2 милиони евра!

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Иако Владата уште во 2006 година си постави рок до 2013 година да се реализира проектот за изградба на 400 мали хидроелектрани, фактичката состојба не оди во прилог на владиниот оптимизам. Од најавените 400 мали хидроцентрали за период од шест години изградени се најмалку 10, но сите не произведуваат струја.   Паднаа во вода планираните 1,2 милиони евра инвестиција и 1,8 гигават часови струја како средногодишно просечно производство на електрична енергија од малите хидроцентрали што требаше да се градат на Отљанска и Обедничка река. Владата го раскина договорот со ЕМК ДООЕЛ Мали хидроцентрали за изградба на мали електрани токму на овие две локации, бидејќи инвеститорот не почнал со изградба на хидроелектричните централи во определениот рок. “Со оглед на тоа што за две локации Концесионерот ЕМК ДООЕЛ Мали хидроелектрани не презел активности во процесот за изградба на малите хидроелектрани и во дополнителниот рок, по претходно активирање на гаранциите за изведба, Владата на Република Македонија, како Концедент донесе Одлуки за едностран раскин на Договорите за концесија за локациите Отљанска и Обедничка река. Согласно Договорите за концесија, концесионерите имаат обврска во рок од 3 години од потпишувањето на Договорот за концесија да започнат со комерцијална работа. Според Договорите за концесија, роковите можат да се продолжат доколку настанат задоцнувања кои не се по вина на концесионерот. Исто така пред да се раскине договорот за концесија, на концесионерот му се дава дополнителен рок  за отстранување на недостатоците“, велат за Фактор од Министерството за економија. Минималната инсталирана моќност на двете електрани кои ЕМК ДООЕЛ Мали хидроелектрани требаше да ги изгради на двете локации се проценуваат на околу 500 киловати. Во периодот 2009-2012 година Министерството за економија потпиша вкупно 70 договори за концесија за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи со 20 концесионери. Вкупната инсталирана моќност на овие електрани е 60,3 мегават/часови  (MW), со очекувано годишно производство на струја од 237 гигават/часови (GWh), инвестиција проценета на околу 110 милиони евра. “Заклучно со јануари 2013 година во употреба се пуштени вкупно 7 мали хидроелектрични централи,  додека  20  мали хидроелектрични централи се во фаза на градба и се очекува да бидат пуштени во употреба до средината на 2013 година. За останатите локации, за дел од нив веќе се поднесени барањата за добивање на Одобрение за градба, додека некои од нив се во завршна фаза пред поднесување на барање за одобрение за градба“, додаваат од Министерството. Се руши оптимизмот на Владата? Иако Владата уште во 2006 година си постави рок до 2013 година да се реализира проектот за изградба на 400 мали хидроелектрани, фактичката состојба не оди во прилог на владиниот оптимизам. Од најавените 400 мали хидроцентрали за период од шест години изградени се најмалку 10, но сите не произведуваат струја. “Факт е дека концесионерите се жалат, многу чекаат за добивање какви било дозволи и согласности од институциите. Но, со одлука на Влада решивме секое доцнење по вина на надлежната институција, да го продолжиме рокот за изградба за онолку за колку концесионерот чекал да добие каква било согласност или мислење од некоја институција“, изјави неодамна министерот за економија Ваљон Сараќини.  Министерот за животна средина пак, Абдулаќим Адеми, во јавноста неодамна призна дека концесионерите се жалат дека рокот за концесионирање почнува веднаш по потпишување на договорот, иако нив им биле потребни најмалку две години да ја изградат електраната и уште најмалку една година за да почнат да произведуваат струја. Но, промена на Законот за води или на идните концесиски договори засега нема. Нерешените имотно-правни односи, неподготвеноста на администрацијата и долгите процедури се само дел од проблемите кои ја оневозможуваат навремената изградба на малите хидроцентрали во земјава. К.П

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?