25 Април, 2024
0.0276

ПРОТЕСТИТЕ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМАТ: Владата во Романија узвоила скандалозен декрет и за буџетот

Објавено во: Балкан 07 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Романската влада усвоила на тајна седница минатиот вторник скандалозен декрет и за распределбата на државни средства, соопшти електронското издание capital.ro. 

Заедно со контроверзните измени на Кривичниот законик кабинетот на премиерот Соран Гриндеану одобрил и промена во Законот за јавните финансии, кои и овозможуваат на секоја општина или институција да потпишува договори без ограничувања во износите и без да се носи кривична одговорност.

Нормативните акт на Владата одложуваат за една година и ослободуваат од кривична одговорност за склучување на договори со приватни институции за суми кои надминуваат веќе одредени лимити за договори. Покрај тоа, не е кривично парите да бидат префрлени од едни активности за други. Средствата можат да се користат во секое време и за сите, без разлика за што биле одобрено првично. Буџетот вчера беше разгледуван во пленарната сала, пишуваат романските медиуми. 

Досега вниманието на јавноста беше целосно насочено кон набрзина донесените владини измени во Кривичниот законик, кој предвидува значително намалување на казните за злоупотреба на службената положба и Декриминализацијата на слични дела, кои нанеле штета за под 44 000 евра. Во неделата вечерта над 600 000 лица повторно протестираа во цела Романија и покрај одлуката на премиерот Гриндеану да го повлече декретот. „Оставка!“ и „Крадци!“, извикуваа демонстрантите. Премиерот сепак не смета дека има причини владата да се повлече од власта, која ја зема во раце пред два месеци.

Токму овие скандалозни одлуки може да го зголемат незадоволството кај општетството уште повеќе, пишуваат соседните медиуми

Вчера попладне романското Министерство за правда се откажа од намерата да изготви предлог за измени на Кривичниот законик. Оваа одлука беше соопштена малку откако министерот за правда Флорин Јордаке соопшти дека декретот ќе биде преточен во закон, кој ќе биде доставен до парламентот. Не е јасно дали оваа мерка е привремена, коментираат романските медиуми.

„ЕК е подготвена да и обезбеди правна помош на Романија за довршување на целите на Механизмот за соработка“, изјави заменик-претседателот на ЕК Франс Тимерманс вчера на средба со романскиот министер за надворешни работи Теодор Мелешкану, пренесоа агенциите. Тимерманс истакнал дека борбата против корупцијата треба да се зајакне, а не да се укинува. „Ветувањето на претседателот Јункер за намалувањето на мониторингот над Романија и Бугарија до крајот на неговиот мандат во 2019 година зависи од неповратно спроведување на реформите“, истакнал портпаролот на ЕК Маргаритис Схинас.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)